Проблеми и ситуации за кои решението е обична сол

Солта е нешто кое може да се најде во секоја кујна.

problemi-i-situacii-za-koi-resenieto-e-obicnata-sol-01.jpg

Интересен е фактот дека во Средниот век таа чинела толку многу што често се користела како замена за пари.

Денес нејзината цена е значително пониска, но таа е сепак вреден производ кој може да се употреби за многу намени.

Некои од нив веројатно сите ги знаеме, но има и такви за кои сме сигурни дека ќе ве изненадат...

1. Спречува појава на мувла на завесите во бањата

Ставете ги завесите во солена вода и оставете да отстојат некое време. После ова никогаш повеќе нема да видите мувла на нив.

2. Отстранете го воспалението од каснување од инсект

За да се ослободите од црвенилото и чешањето при каснување од комарец само навлажнете го прстот и потопете го во сол, па со добиената смеса протријте го каснатото местото.

Neobicni-situacii-vo-koi-kujnskata-sol-moze-da-vi-bide-od-golema-pomos-03

3. Вратете го сјајот на бакарните производи

Солта е одлична и за чистење на бакарните предмети во домот. Измешајте ја со оцет и брашно или натопете во чинија сол лимон пресечен на пола и со него поминете по целата површина на бакарниот предмет.

Neobicni-situacii-vo-koi-kujnskata-sol-moze-da-vi-bide-od-golema-pomos-04

4. Искористете ја за да спречите прскање на маслото

Додадете малку сол во тавата пред во неа да го ставите маслото и на тој начин спречете го прскањето.

Neobicni-situacii-vo-koi-kujnskata-sol-moze-da-vi-bide-od-golema-pomos-05

5. Спречете растекување на свеќите

За да спречите восокот од свеќите да се разлее, натопете ги истите во концентриран раствор од сол и вода. Пред да ги користите не заборавајте убаво да ги исушите.

6. Отстранете го лошиот мирис од обувките

Ставете по малку сол во секоја од обувките и оставете ги да отстојат преку ноќ. На овој начин нема да остане никаква трага од непријатниот мирис.

Neobicni-situacii-vo-koi-kujnskata-sol-moze-da-vi-bide-od-golema-pomos-07

7. За да се ослободите од мравките

Забележете каде најчесто се појавуваат мравките и испрскајте сол.

Neobicni-situacii-vo-koi-kujnskata-sol-moze-da-vi-bide-od-golema-pomos-08

8. Спречете потемнување на овошјето и зеленчукот

Исеченото овошје или зеленчук нема да потемни доколку го ставите во вода во која сте ставиле малку сол.

Neobicni-situacii-vo-koi-kujnskata-sol-moze-da-vi-bide-od-golema-pomos-09

9. Отстранете го мирисот од кромид на рацете

За да го отстраните непријатниот мирис кој се појавува по сечењето на лук или кромид, само натопете ги рацете со ладна вода, попрскајте ги со сол и убаво истријте ги. Можете да додадете и малку сода бикарбона, по што убаво ќе ги исплакнете.

Neobicni-situacii-vo-koi-kujnskata-sol-moze-da-vi-bide-od-golema-pomos-10

10. Чистење на пеглата

За да ја исчистите пеглата од сето она кое се залепило на неа потребно е да ја вклучите на највисока температура и да поминете со неа врз парче весник на кое сте истуриле поголема количина сол.

Neobicni-situacii-vo-koi-kujnskata-sol-moze-da-vi-bide-od-golema-pomos-11

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg