Заштедетe време и труд: 10 трикови за чистење кои немаат никаков резултат
Сигурно сте се обиделе некогаш да искористите некој од генијалните трикови кои сте ги прочитале за отстранување на дамки од облеката или за чистење на домот.
Некои од нив навистина се ефикасни, но има и такви кои воопшто не се.
А, кој би сакал да си го губи времето на нешто што нема никаков резултат?
За да си го заштедите времето и трудот, погледнете ги овие трикови кои најчесто не се вистинити и не се ни обидувајте да ги правите.
Влажни марамчиња во решетката за вентилација, за пријатен мирис во домот
Вентилацијата е таа која го влече воздухот од просторијата, а не обратно. А, не е баш најдобро да го блокирате одливот на воздух. Многу е подобро да си купите освежувач за воздух.
Парче лимон во машината за садови, за тие да бидат без дамки
Дури и ако ставите лимон за време на перењето, тоа нема да влијае на чистотата на садовите. Со силниот притисок на водата, киселината од лимонот само може да направи полошо.Ако сакате вашите садови да сјаат, најдобро е да користите специјално средство.
Сода Бикарбона + Оцет = Универзално Средство
Овој метод не функционира. Содата е алкан, а оцетот киселина и заеднички се поништуваат. Најдобар ефект може да постигнете доколку ги користите двете супстанци одвоено.
Пченкарно брашно за чистење на дамките од пегла
На тој начин нема да го решите проблемот со облеката. Наместо тоа, пробајте веднаш по непријатниот инцидент, да ја исперете облеката со отстранувач на дамки.
Лимон во комбинација со готварска сол за чисти дрвени даски
Овој трик, можеби ќе ви помогне да ја извадите нечистотијата и да направите дезинфекција, но со сигурност нема да се отстранат сите дамки како оние од жешки садови, дури и ако додадете сода бикарбона.
Средство за плакнење уста како средство за чистење на машина за перење
Уште еден бескорисен трик. Сѐ што ви треба за да ја одржувате чистотата е еднаш месечно да ставате избелувач.
Меламин сунѓер за чистење на тоалетната школка
Овој сунѓер може да се справи со многу нечистотии во вашиот дом. Но, дали може да ги отстрани бигорот и рѓосаните дамки во тоалетот? Одговорот е не. Најдобро е да користите специјални средства наменети за чистење на тоалет.
Лак за коса како отстранувач на дамки
Доколку вашиот лак за коса содржи алкохол, тогаш – да, овој трик е идеален за да ги отстраните дамките од мастило. Но, сега ретко се произведуваат такви лакови, па затоа најдобро е да земете сунѓер и алкохол и сами да ги отстраните дамките со стругање.
Солен раствор за спречување на облеката од избелување
Ако облеката не е добро обоена, немојте да си го губите времето, бидејќи никаков совет и трик нема да ви помогне да го спречите нејзиното избледување.
Газирана вода или сок како средство за чистење на тоалетната школка
Прво, има многу дамки и микроби кои не можат да бидат отстранети само со газиран пијалак. И второ, со парите што ќе ги потрошите за газиран сок, можете да купите соодветно средство за чистење, кое покрај тоа што ќе ви даде добар резултат, ќе ви трае и подолго време.
М. М. | Црнобело