10 работи кои цел живот ги чистите погрешно

Чистењето е здодевно, но мора да го правите. И покрај тоа што мислите дека до сега ги имате усовршено сите техники, средства и начини на чистење, тврдиме дека тоа го правите на потешкиот начин.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-001.jpg

Не ни верувате? Ова се 10 цврсти докази кои ќе ви го променат чистењето уште денес:

1. Тавата за колачиња и мафини

Не гребете со нож и не рибајте со сунѓерче и сјај. Наместо тоа, измешајте ¼ шолја сода бикарбона со хидроген пероксид додека не добиете течно средство за чистење.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-02.jpg


2. Душекот на кој спиете

Без разлика како сте го чистеле до сега, од сега ви е потребен само овој рецепт - истурете сода бикарбона, оставете ја да отстои, па исчистете со правосмукалка. Толку е лесно!

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-03.jpg


3. Даската за сечење

Земете лимон и наросете крупна сол на даската. Потоа чистете како со сунѓерче.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-04.jpg


4. Кафемат

Наполнете го до половина со оцет, па дополнете со вода. Оставете ја мешавината да зоврие, па темелно исплакнете.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-05.jpg


5. Ситни пластични играчки

Ставете ги во машина за садови. Ќе светнат како нови.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-06.jpg


6. Тавата за пржење

Измешајте малку вода со крупна морска сол и ставете ја мешавината во тавата. Со сунѓерче темелно исчистете ги остатоците од храната. Вишокот масти отстранете ги со хартија, не со сунѓер.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-07.jpg


7. Ролетни

Доволно ви е малку оцет, вода и чиста чорапа. Намокрете ја чорапата, навлечете ја на рака и чистете дел по дел.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-08.jpg


8. Четка за заби

Ставете ја четката да отстои неколку часа ви бел оцет. Потоа темелно измијте за да го отстраните мирисот.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-09.jpg


9. Рерна

Измешајте вода, сода бикарбона и оцет за да ја светнете рерната како нова.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-10.jpg


10. Микробранова

Во огноотпорен сад ставете малку вода и малку оцет. Ставете ја течноста да се загрева 5 минути. Откако ќе зоврие и пареата ќе се рашири во внатрешноста на микробрановата, само пребришете. Сепак, внимавајте кога прв пат ќе ја отворите микробрановата.

10-raboti-koi-cel-zivot-gi-cistite-pogresno-11.jpg

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg