Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот

Пластична закачалка за фиксирана кеса за ѓубре

За да ја прицврстите кесата за ѓубре, на два спротивни краја од корпата ставете мали пластични закачалки.

Па, закачете ги рачките од кесата, како на фотката подолу.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-07.JPG

Лак за коса за отстранување дамки од фломастер или маркер

На дамката нанесете големо количество лак за коса и нежно истријте со памук.

За истата намена можете да искористите и антибактериски гел за раце.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-08.JPG

Трик за полесно чистење со метла

За да ги соберете и најситните нечистотии, на лопатката залепете самолеплива лента, како на фотката.

Едниот дел од лентата нека биде залепен на лопатката, а едниот на подот.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-09.JPG

Трик за прецедување тестенини

Наместо да ризикувате да ги истурите тестенините во мијалникот, можете да ја ставите цедалката врз тенџерето (како на фотката десно), па така да ја истурите водата.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-10.jpg

Лимон за чиста рерна

Исечете лимон на поголеми парчиња и во сад со вода исцедете дел од сокот.

Ставете ги и парчињата лимон во водата, па садот ставете го рерната.

Вклучете ја на 200 степени околу половина час. Внимавајте водата да не зоврие и да не ви претече во рерната.

Потоа, откако ќе се излади, пребришете ја со крпа.

trikovi-i-soveti-za-najchestite-problemi-vo-kujnata-i-domot-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg