Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често

Ќебе vs. прекривач

Прекривачот што го користите само за да го покриете креветот, а не и навечер, можете да го перете и на 2-3 месеца.

Штом не се покривате со него, нема од што да се извалка и доволно е само еднаш дневно да го тресете од прашина.

Ќебето, од друга страна, се валка побрзо и препорачливо е да го перете еднаш месечно.

obleka-i-raboti-vo-domot-shto-gi-unishtuvate-ako-gi-perete-mnogu-shto-da-perete-pochesto-05.jpg

Бејзбол капче vs. зимска капа

Бејзбол капчињата треба да ги перете на рака, во студена вода за да не ги оштетите. Препорачливо е да ги перете еднаш месечно.

Зимските капи можат да издржат повеќе бидејќи во зима се потиме помалку.

Притоа, ако ги перете многу често, може да се растегнат и да бидат неупотребливи.

obleka-i-raboti-vo-domot-shto-gi-unishtuvate-ako-gi-perete-mnogu-shto-da-perete-pochesto-06.jpg

Навлака за постелнина vs. чаршаф

Препорачливо е почесто да ја менувате навлаката на перницата – барем на пет дена – особено ако имате проблематична кожа.

Можете да го користите истиот чаршаф десетина дена пред да го смените со нов.

Секако, ако многу се потите навечер, почесто менувајте ја целата постелнина.

obleka-i-raboti-vo-domot-shto-gi-unishtuvate-ako-gi-perete-mnogu-shto-da-perete-pochesto-07.jpg

Перница vs. јорган

Делите јоргани и перниците се можеби најмачното нешто за перење. Но, добрите вести се дека не мора да ги перете премногу често.

Перниците е препорачливо да ги перете на секои три месеци.

Јорганот не се валка колку нив, па можете да го перете еднаш на шест месеци.

Препорачливо е да користите навлака за јорган за да го одржите чист подолго.

в8.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Предмети во домот кои сите забораваме да ги исчистиме Колку често ги перете перниците? А, дали ја чистите машината за садови? Колку...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg