Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат)
Сунѓер наместо сад за сапун
Можеби сунѓерот ја впива влагата од сапунот, но дефинитивно не изгледа добро.
А, бидејќи впива влага, сунѓерот практично никогаш нема да се исуши, па може да фати и мувла.
Тоалетна хартија во оригиналната амбалажа
Наместо да ја чувате тоалетната хартија во амбалажата, купете некоја убава корпа и наредете ја во неа.
Чаша со четки за заби
Чашата постојано ќе се полни со вода и ако не ја чистите редовно, може да се појави и мувла.
Многу подобро е да ги закачите четките на ѕидот.
На овој начин, покрај подобриот изглед и хигиената, четките нема да ви зафаќаат воопшто место.
Крпи и кофи за чистење
Без разлика колку ви е убава бањата, ако на радијаторот имате закачено крпи за чистење, а на подот или во кадата ви стојат кофите, просторот ќе изгледа неуредно.
Валкана завеса за туширање
На завесата за туширање редовно завршуваат остатоци од шампони, регенератор и разни продукти, како и бигор, па лесно се валка, а може да се создаде и мувла.
Па, потрудете се да ја чистите барем еднаш неделно.
Спирова С. | Црнобело