Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат)
Течен сапун во купечка амбалажа
Иако има амбалажи кои изгледаат симпатично, сепак можат да го уништат изгледот на целата бања.
Денес можете да најдете навистина евтини садови за сапуни кои изгледаат стилски и можат да служат како декорација во тоалетот.
Пожолтени или излупени цевки
И цевките од парно или што било имаат влијание врз изгледот тна бањата.
Премногу е очигледно ако се пожолтени, валкани, излупени…
Валкана и/или стара подлога на подот
Убавата подлога на подот може драстично да го одобри изгледот на бањата.
Но, ако е стара, искината или валкана, има спротивен ефект.
Фен за коса и други електрични апарати
Ако ги чувате електричните апарати како фен и депилатор во бањата, ќе се расипат побрзо поради влагата.
Покрај тоа, не изгледаат најпривлечно кога се оставени на пералната, на полицата и слично.
Куп продукти на машината за перење
Кога немате простор во бањата, секако дека ќе ја искористите машината за перење како полица.
Но, пробајте колку-толку да го расчистите тој простор – фрлете ги празните амбалажи, продуктите кои сигурно нема да ги користите и слично.
А, за да не изгледаат хаотично, наредете ги во убави корпи.