Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат)
Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои ситници прават бањата да изгледа хаотично?
Без разлика колку труд и пари сте вложиле во вашата бања, постојат ситници што прават да изгледа хаотично.
Дури и кога редовно ги чистите кадата, мијалникот и слично, овие ситници сепак ќе направат да изгледа неуредно.
На кои работи треба да обрнете внимание?
Валкан сад за сапун
Не заборавајте да го исчистите садот за сапун, барем кога чекате гости.
Точно дека остатоците во садот се од сапун, а не од нечистотии, но на гостите сигурно би им било непријатно да се измијат раце со „раскашавен“ сапун.
Ако немате нерви да го чистите садот, секогаш можете да купите течен сапун.
Бричови
Ако го оставате бричот на кадата, на пералната или каде било на отворено во тоалетот, побрзо ќе рѓоса поради влагата.
Покрај тоа, бричовите, особено ако не се добро исчистени, не се најубава глетка и го расипуваат изгледот на бањата.
Расфрлани шминки
Најпрво, не е хигиенски да ги оставате шминките и четките за шминкање покрај мијалникот или каде било во тоалетот поради влагата и бактериите.
Истовремено, прават бањата да изгледа неуредно.
Чепкалки за уши во отворен сад
Покрај тоа што изгледаат неуредно, и во овој случај не е хигиенски чепкалките да бидат изложени на влагата и бактериите во тоалетот.
Луфа за бањање закачена на чешмата
Луфата и четките за бањање е подобро да ги ставите на посебни закачалки, каде што ќе можат добро да се исушат.
Или, откако ќе се исушат, можете да ги ставите во убава корпа на полица или слично.