10 работи кои треба да ги избегнувате при уредување на домот (за дизајнерите се одраз на лош вкус)
Избегнувајте мотивациски пораки
Ако низ домот наредите фотографии со мотивациски пораки или со испечатен текст, ќе создадете визуелен неред.
Тие делуваат хаотично, го „пренатрупуваат“ просторот, го одвлекуваат вниманието.
Истото се однесува и на магнетите на фрижидерите.
Иако ни се чини дека се најлесно избраниот сувенир или подарок за некого од патување, по некое време ќе сфатите дека на фрижидерот веќе нема место и дека пред себе гледате шаренило од бои.
Голем број декоративни перничиња
Украсните перници му даваат топлина на просторот, сè додека нивниот број го ограничите на 1-2, па можеби и 3 (зависно од големината на просторот).
Но, сè што е повеќе од тоа е претерано и само го „гуши“ просторот.
Едноличен сет од мебелот
Парчињата мебел кои се продаваат во сет (на пример тросед, двосед со фотелји и табуретка) можеби се поевтина варијанта, но не се привлечни за око.
Наместо да се решите за едноличен сет, искомбинирајте барем два различни стила или купете парче што ќе го „разбие“ просторот и ќе му даде свежина.
Тематски уредени простории
Соба во „морски“ стил, просторија која личи на шума или соба која е уредена како дискотека звучи како забавна идеја.
Во реалноста не е така, бидејќи овие соби по некое време стануваат здодевни поради својот тематски ентериер.
Затоа е подобро да изберете неколку детали, отколку целата соба да ја уредите во една тема.
Лажен камен
Површините кои се имитација на природен камен изгледаат неприродно (дури и евтино).
Па, наместо да ставите ѕид со лажен камен (или тапети со таков дизајн), решете се за дрво, на пример.
А. Ј. | Црнобело