10 работи кои треба да ги избегнувате при уредување на домот (за дизајнерите се одраз на лош вкус)
Пластични цвеќиња, килими со животински принт, преголем број украсни перничиња - некои работи мора веднаш да ги исфрлите од домот, според дизајнерите на ентериери.
Стилот е одраз на индивидуалноста, па секој го уредува просторот во кој живее според личниот вкус. Но, дизајнерите на ентериери се убедени дека многу луѓе (свесно или несвесно) прават грешки при уредувањето на домот. А некои од овие грешки се одраз на лош вкус.
Затоа, тие препорачуваат веднаш да „се ослободите“ од овие предмети ако ги имате во вашиот дом.
Знаете ли кои се тие?
Пластични цвеќиња
Наместо природно, многу луѓе дома имаат пластично цвеќе, во вазна или во саксија.
Според дизајнерите на ентериер, ако имате пластично цвеќе, веднаш фрлете го, бидејќи му дава „евтин“ изглед на просторот, а и собира многу прашина.
Тапети со „фотографија“
Иако во минатото беа популарни, тапетите со „фотографија“ денес делуваат застарено.
Подобро е ѕидот да биде еднобоен со неколку фотографии или интересен принт на тапетите, наместо да има фотографија од шума, океан, зајдисонце и слично.
Теписи со животински принт или од вистинско животинско крзно
Подобро изберете класичен тепих или килим со модерен дизајн, наместо на подот да ставите тепих со животински принт.
Уште полошо е ако се решите за вистинско животинско крзно, тврдат дизајнерите.
Пренатрупана комода за телевизор
Комодата на која ви стои телевизорот (ако не е закачен на ѕид) не треба да биде пренатрупана со украси, книги и ситници, да нема многу фиоки... За експертите, ова е уште еден одраз на лош вкус.
Тие препорачуваат овие комоди да се едноставни, со чисти линии, во боја која ќе го дополнува просторот во кој се наоѓаат.
Шарени завеси
Шарените завеси или завесите во весели бои создаваат визуелен хаос, тврдат дизајнерите.
Тие препорачуваат бели, светло сиви или завеси во крем боја, бидејќи делуваат смирувачки и едноставно.
Секако, според вкусот можете да изберете и завеси во друга боја, светли или темни, но и тогаш да се фокусирате на посмирени тонови.