10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер
Празен простор кај прозорците
Ако чистите прозорци, знаете колку е тешко да се исчистат сите ќошиња и пукнатини.
Мора да ги превиткувате крпите или да пробате да ги исчистите со чепкалки за уши, на пример. Но, ако не го направите тоа, прозорците нема да се чисти.
Садови со храна за миленици
Истражувањата покажале дека во садовите за храна на милениците се собираат многу бактерии, кои се пренесуваат и на сунѓерите за миење садови.
Овие бактерии може да се опасни и за животните, и за луѓето.
Токму затоа овие садови треба да се мијат еднаш дневно, а просторот каде што се поставени да се чистат со средство за дезинфекција еднаш неделно.
Клима уред
Клима уредот многу лесно фаќа прашина која се лепи за него.
Иако, зависно од моделот на климата, не е секогаш видлива со голо око, таа треба да се исчисти барем еднаш неделно.
Недоволно простор за чување облека
Кога немаме доволно простор во плакарите во кои ја чуваме облеката, најчесто работите ги фрламе врз некое столче, кое ни служи како „закачалка“.
Влажна крпа
Дури и да не се фрлени, туку внимателно здиплени и ставени покрај мијалникот (или на местото каде што ги чувате во кујната), влажните крпи почнуваат да мирисаат непријатно.
Истовремено, на нив може многу лесно да се размножуваат бактерии.
Затоа е најдобро крпата да се превитка на половина и да се закачи на место каде што ќе може да се исуши.
А. Ј. | Црнобело