Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови?

Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е готова вечерата? Или, можеби фиоката на машината за перење е затната со бигор? Во овие ситуации можат да ви се најдат таблетите за машина за миење садови.

chistenje-rerna-plochki-zagoreno-dno-kako-ushte-da-gi-koristite-tabletite-za-mashina-za-mienje-sadovi-01.jpg

Сигурно веќе сте чуле за повеќе трикови за чистење на кујната, но дали знаевте дека таблетата за машина за миење садови може да ја користите да чистите речиси сè? Следниот пат кога ќе ѝ дозволите на машината за садови да ги исчисти тврдокорните дамки од садовите, размислете во што друго може да ви помогне.

Секако, не заборавајте да носите заштитни ракавици.

Што можете да исчистите со овие таблети?

Плехови и решетки за рерна

Таблетите кои ги користите за машината за миење садови може успешно да се борат со маснотиите на вратите на рерната, на дното на шпоретот, плехот или решетките.

Таблетата може да ја користите на едноставен начин, така што ќе ја потопите во сад со топла вода, па потоа ќе поминувате низ стаклото нежно триејќи го.

chistenje-rerna-plochki-zagoreno-dno-kako-ushte-da-gi-koristite-tabletite-za-mashina-za-mienje-sadovi-02.jpg

Загорени тенџериња

Кога станува збор за чистење на загорени тави и тенџериња, процесот може да ни изгледа невозможен. Но, таблетите за машина за садови можат да ви бидат од корист.

Наполнете го тенџерето со вода до половина, ставете ја таблетата внатре и оставете да врие околу десетина минути. Доколку имате потреба повторете ја постапката неколкупати.

chistenje-rerna-plochki-zagoreno-dno-kako-ushte-da-gi-koristite-tabletite-za-mashina-za-mienje-sadovi-03.jpg

Чистење на корпата за отпадоци

Таблетите за машината за садови може да ви помогнат да ја освежите и да ја дезинфицирате корпата за отпадоци, но секако, под услов да нема дупки на дното.

Едноставно, наполнете колку што можете повеќе зовриена вода (а претходно добро исплакнете ја корпата), па потоа ставете ја таблетата. Оставете ја да кисне околу еден час, па истурете ја водата и исплакнете.

chistenje-rerna-plochki-zagoreno-dno-kako-ushte-da-gi-koristite-tabletite-za-mashina-za-mienje-sadovi-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg