Валкани предмети во домот кои сите забораваме да ги исчистиме
Вентилатор во бања
Решетките на вентилаторот во бањата се уште едно место каде што лесно се собира прашина.
А, поради влагата во бањата, овде може да се создаде и мувла која е штетна и предизвикува непријатен мирис.
Чистете го вентилаторот околу еднаш месечно.
Прекинувачи, копчиња нa рерна и слично
Прекинувачите за светилките, копчињата на рерната и другите слични предмети се навистина валкани бидејќи ги допираме секојдневно.
Можеби највалкани се оние на рерната бидејќи ги допираме додека работиме со храна.
Затоа, кога бришете прашина, дезинфицирајте ги и овие делови во домот.
Фиока за детергенти од перална
Ако облеката ви мириса на влага или мувла, многу е голема веројатноста причината да е валканата фиока за прашок и омекнувач.
Во фиоката можат да се наталожат остатоци од детергентите и бигор, а може да се направи и мувла, па чистете ја еднаш неделно.
Торби за пазарење
Платнените торби за пазарење се одличен начин да го намалиме загадувањето од најлонските кеси.
Но, не заборавајте да ги перете еднаш неделно.
Садови за зачини
Обично имаме навика само да дотураме сол или кој било друг зачин во малиот сад.
Но, и ова се предмети кои треба да ги миеме редовно.
Најдобро е да ги миете пред да ставите нова „тура“ зачини во нив.
Спирова С. | Црнобело