10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки

Како правилно да скршите јајце?

За да го избегнете паѓањето на лушпата во скршеното јајце, немојте да го кршите од остри рабови.

Наместо тоа, скршете го од рамната површина на масата.

korisni-kujnski-trikovi-shto-treba-da-gi-znaat-site-domakjini-i-domakjinki-07.jpg

Како да го спасите овенатиот зеленчук?

Ако марулата, краставиците и слично изгледаат малку овенато, но не се скапани, не мора да ги фрлате.

Зеленчукот е само дехидриран, па доволно е да го ставите да отстои во сад со вода.

korisni-kujnski-trikovi-shto-treba-da-gi-znaat-site-domakjini-i-domakjinki-08.jpg

Како да ја исчистите загорената тава?

Најпрво во тавата зовријте мешавина од оцет и вода. Кога ќе зоврие, истурете ја смесата, па ставете сода бикарбона и нежно истријте ја тавата со сунѓер или жичка.

Сепак, ако станува збор за многу загорена тава, овој трик нема да ви помогне и најверојатно ќе треба да купите нова.

korisni-kujnski-trikovi-shto-treba-da-gi-znaat-site-domakjini-i-domakjinki-09.jpg

Како темелно да ја исчистите даската за сечење?

Поради вдлабнатините од ножот, на даската за сечење лесно се акумулираат нечистотии. Но, лесно можете да ги отстраните со лимон и сол.

Ставете слој сол врз тавата и со кружни движења истријте ја со половина лимон.

Оставете да отстои неколку минути, па измијте ја како вообичаено.

Препорачливо е да го правите ова еднаш месечно или секојпат кога на даската има мирис од храна што не се отстранува.

korisni-kujnski-trikovi-shto-treba-da-gi-znaat-site-domakjini-i-domakjinki-10.jpg

Како најбрзо да го омекнете путерот?

Ако ви треба мек, а не стопен путер, не мора да чекате да омекне на собна температура.

Едноставно, можете да го изрендате.

korisni-kujnski-trikovi-shto-treba-da-gi-znaat-site-domakjini-i-domakjinki-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
7 грешки со кои (несвесно) го намалувате животниот век на апаратите за домаќинство Ставате фолија во рерната за да ја заштитите од храната што капе и да на мора да...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
8 детали во уредувањето на домот што непотребно ви го отежнуваат чистењето Ако ставите црна чешма, на неа постојано ќе има дамки од бигор доколку не ја чис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg