11 грешки заради кои фрижидерот никогаш не ви е чист и храната ви се расипува брзо
Дали и вие сте од оние што постојано мака мачат со чистење на фрижидерот? Дали ви се чини дека само што сте го исчистиле, повторно од фрижидерот се шири непријатна миризба, а храната веднаш ви се расипува? Тогаш најверојатно правите некои од овие грешки.
Нечистиот фрижидер може да биде извор на непријатна миризба, и истовремено е совршена површина за развој на мувла и бактерии, па затоа е многу важно постојано да ја одржувате хигиената на овој уред.
Погледнете некои грешки што најчесто ги правите и заради кои фрижидерот никогаш не ви е чист.
Храната ја чувате во ќеси, а не во садови
За да избегнете расипување на храната и да спречите појава на дамки на фрижидерот, најдобро е веднаш откако ќе ја купите храната да ја префрлите во стаклени садови.
Ставате премногу производи на една полица
Многу често се случува да пазариме повеќе производи одеднаш, па кога ги распоредуваме сѐ ставаме во фрижидерот и така си создаваме хаос.
Затоа ако сте купиле 3 шишиња со сок, во ладилник чувајте го само она што е отворено, а другите оставете ги на собна температура во оставата.
Ги чувате и резервните производи во фрижидер
Кога користите садови за чување храна можете да си запишете датуми со рок на траење. Исто така, имајте на ум дека одредени производи не би требало да бидат во непосредна близина едни до други, па така свежото месо треба да биде на најдолните полици, а храната што веднаш може да се консумира на погорните.
Не ги ставате свежите зачини во стаклени садови
Колку често ви се случува свежиот зеленчук и зачини да ги нафрлате само во фиоката од фрижидерот и да ги оставите така.
Но, коријандерот или магдоносот ставен во чаша со вода ќе ја зачува свежината неколку дена повеќе.
Оставате јајца и млеко на вратата од фрижидерот
Иако кога го купувате фрижидерот најчесто на вратата има држачи за јајца и шишиња, па затоа многумина имаат навика таму да ги чуваат јајцата.
Но, треба да знаете дека со честото отворање на вратата од фрижидерот, температурата е променлива, па затоа млекото и јајцата може брзо да се расипат и не се препорачува да се чуваат таму, а ништо не мириса полошо од расипани јајца.