11 грешки заради кои фрижидерот никогаш не ви е чист и храната ви се расипува брзо
Не внимавате на температурата на фрижидерот
За да спречите храната да се расипе, неопходно е да внимавате на температурата на фрижидерот. Таа треба да биде помеѓу 1.7 и 3.3 степени Целзиусови.
Не ги пребришувате редовно полиците
Наместо да чекате до следната генералка, добро би било полиците да ги пребришувате со марамчиња за дезинфекција и на тој начин да ги соберете остатоците од храна што ненамерно ви паднале.
Го преполнувате фрижидерот
За фрижидерот да работи правилно низ него треба да циркулира воздух. Кога полиците се преполни храната не се лади рамномерно, а замрзнувачот се полни со мраз.
Дополнително, недоволната вентилација создава влажност, па заради тоа уредот станува одлично место за развој на мувла и бактерии.
Не го чистите фрижидерот на секои 3 до 6 месеци
Најчесто фрижидерот го оставаме за чистење за некој другпат, а потребно е да се чисти на секои 3 до 6 месеци.
Пред да почнете со чистење за да спречите појава на непријатни миризби добро би било да оставите чаша со сода бикарбона на една од полиците.
Храната што лесно се расипува не ја ставате на видните полици
Колкупати ви се случило во задниот дел да најдете тегли со мувлосана храна или заборавена храна што се расипала? При следното пазарење ставете ја ваквата храна на видно место за да можете да ја отстраните при првите знаци на расипување.
Не го чистите задниот дел од фрижидерот
Нечистотијата и прашината се собираат и задниот дел од фрижидерот, заради што уредот може да се расипе или да троши повеќе струја.
Честопати нечистотијата во задните делови може да биде причина зошто некоја храна замрзнува, а друга не се лади.
Б. С. Б. | Црнобело