Бели пешкири, мали теписи: 8 тајни на Скандинавците за чист дом без нервози
Намалете со продуктите за чистење
Скандинавците имаат навика веднаш да си го средуваат нередот.
Ако, на пример, го извалкаат шпоретот, веднаш го чистат. Ова значи дека ќе можат да го исчистат само со сунѓер и вода, без никакво средство.
Па, ако веднаш го средувате нередот, ќе нема потреба да триете тврдокорни дамки со секакви средства.
Користете бели крпи
Белите крпи ќе изгледаат како нови и по многу перења.
Од друга страна, крпите со други бои ќе избледат по неколку перења на висока температура.
Украсете со природни сезонски декорации
Скандинавците ги обожаваат природните сезонски декорации кои додаваат доза шарм во просторот.
Во пролет украсете го домот со свежо цвеќе, во есен бидете креативни со сувите лисја, во зима искористете украсни тикви…
Ова се декорации кои потоа можете да ги фрлите и нема непотребно да ви зафаќаат простор.
Во зима слободно чистете поретко
Прашината и нечистотиите во домот се најизразени на директна сончева светлина.
Во зимските месеци, додека да си дојдеме од работа, надвор веќе е темно. Што значи, нема потреба да бришете прашина преку еден ден бидејќи нема ни да ја гледате.
Спирова С. | Црнобело