Бели пешкири, мали теписи: 8 тајни на Скандинавците за чист дом без нервози
Во зима слободно чистете поретко и секогаш кога можете, комбинирајте го чистењето со забавна активност. Што можеме да научиме од кандинавците за беспрекорно чист дом?
Чистењето на домот е една од оние обврски кои повеќето ги презираат, но знаат дека не можат да ги запостават.
Но, чистењето не мора секогаш да биде напорно и да ни создава нервози.
8 трикови за чистење што можеме да ги научиме од Скандинавците:
Комбинирајте го чистењето со други обврски
Додека пеглате облека, пуштете си ја омилената серија.
Додека го чистите подот, пуштете си музика и танцувајте.
Генерално, пробајте да вметнете и по една забавна активност со секоја обврска низ домот кога има можност за тоа, и нема ни да забележите дека средувате.
Тргнете ги теписите што ја покриваат целата соба
Многу е полесно да ги исчистите малите теписи и подот, отколку да чистите огромен тепих од кој треба да отстранувате и влакна.
Покрај тоа, и перењето на малите теписи е многу, многу полесно.
Изнесете ги перниците на свеж воздух
Оставете ги перниците за спиење и малите перничиња од дневната на директна сончева светлина.
На овој начин ќе ги отстраните непријатните миризби и ќе ги освежите.
Не ги акумулирајте предметите, туку користете ги
Наместо да собирате десетици свеќи кои ќе ви зафаќаат простор, зошто да не ги користите?
Истото важи и за други предмети кои повеќето настојуваме да ги собираме без воопшто да ги употребиме.