Најголемите грешки во чистењето на домот (што сигурно ги правите)
Користите избелувач на челик
Избелувачот е мошне ефикасно средство за чистење, но не е погодно за секаков материјал.
Немојте никако да ги чистите површините од челик со избелувач бидејќи ќе ги оштетите.
Не ја дезинфицирате четката за заби
Поради влагата, четката за заби може да биде совршено место за развој на бактерии.
Препорачливо е да ја дезинфицирате еднаш дневно, најдобро по секоја употреба, со средство за плакнење уста.
Ставете од средството во мала шолја и оставете ја четката внатре неколку минути.
Користите обични крпи за чистење на автомобилот
Ако сами го чистите автомобилот, секогаш користете микрофибер крпи.
Обичните кујнски крпи и другите ткаенини се премногу груби и можат да ја оштетат бојата на автомобилот.
Заборавате да ја исчистите завесата во бањата
Важно е да ја чистите завесата во бањата еднаш неделно.
Од влагата, на завесата лесно се создава мувла која може да биде штетна.
Спирова С. | Црнобело