Tабела со симптоми: Како да препознаете дали имате настинка или грип?
Сезоната на настинки и грип е во полн ек... Кашлица, течење нос, болка во грло, на прв поглед симптомите се слични, па тешко можете да препознаете дали сте само настинати или боледувате од грип. Оваа табела ќе ви помогне да откриете кои се разликите.
Настинката и грипот се лесно преносливи болести, но се предизвикани од различни вируси.
Со оглед на тоа што имаат слични симптоми некогаш е тешко да се одреди дали имате настинка или пак боледувате од грип.
Во основа се смета дека симптомите на грипот се многу посилни од оние на настинката и најчесто се јавуваат одеднаш.
Во продолжение погледнете ја оваа табела со одвоени симптоми што ќе ви укаже на тоа дали сте само настинати или имате грип:
Третманот на настинките и грипот најчесто вклучува одмор, пиење повеќе течности како и лекови за намалување на покачената температура и за намалување на болките во грлото или за одзатнување на носот.
Секако не заборавајте дека е потребно да седите дома во периодот додека сте болни за да не го ширите вирусот понатаму.
Треба да имате предвид дека грипот е многу заразен и може да се случи првите симптоми на болеста да ги забележите веќе следниот ден откако сте имале контакт со заболено лице.
Симптомите и на грипот и на настинките поминуваат по 7 до 10 дена.
Имајте предвид дека оваа табела е од чисто информативен карактер и доколку забележите какво било влошување на здравствената состојба, неопходно е веднаш да се консултирате со лекар или педијатар.
Б. С. Б. | Црнобело