Компири во чорапите – нов бизарен лек против настинка вирално се шири на социјалните мрежи (видео)

Колку природни лекови против настинки знаете? Наводно, по користењето на овој трик компирот станува црн од вирусите што се ослободени од вашето тело. Функционира ли лекот или има друго објаснување зошто компирот станува потемен?

masovno-stavaat-kompiri-vo-chorapite-nov-bizaren-lek-protiv-nastinka-viralno-se-shiri-na-socijalnite-mrezhi-video-01.jpg

На социјалните мрежи масовно се шири нов тренд за лекување настинки, а корисниците се уверени дека ова помага да се подобри здравствената состојба и дека компирот во чорапи помага да се извлечат вирусите од телото преку нозете.

masovno-stavaat-kompiri-vo-chorapite-nov-bizaren-lek-protiv-nastinka-viralno-se-shiri-na-socijalnite-mrezhi-video-02.jpg

Социјалната мрежа ТикТок е популарно место каде се споделуваат голем број совети, од оние за шминка и рецепти, до лекови против настинка за време на сезоната на вируси.

Досега над 8,1 милијарда луѓе ги погледнале видеата со новиот бизарен лек, а некои тврдат дека лекот делува и дека дури го употребиле истиот на нивните деца.

„Делува! Ќерка ми се чувствува многу подобро“ – вели една мајка до видеото што го објави.

@food_over_rx Potato sock flu remedy. It works !! My daughter has been feeling so much better !!! #potato #potatosocks ♬ Spongebob Tomfoolery - Dante9k Remix - David Snell

Според корисниците, потребно е компирот да се исече на крукчиња, да се стави на стапалото, да се покрие со чорапи и да се остави да стои во текот на ноќта.

Наводно, следниот ден ќе има отпечаток на стапалото на ногата од компирот, а зеленчукот ќе биде црн од токсините што се ослободиле од телото.

Но, нутриционистите не се сложуваат со оваа нова теорија за компирот и нагласуваат дека кога компирот ќе се пресече и ќе се остави да стои подолго време, тој најверојатно ќе потемни и ќе ја промени бојата.

Благодарение на воздухот и телесната топлина, кај компирот има ензимско потемнување и тоа нема никаква поврзаност со лекување на вируси и бактерии.

masovno-stavaat-kompiri-vo-chorapite-nov-bizaren-lek-protiv-nastinka-viralno-se-shiri-na-socijalnite-mrezhi-video-03.jpg

Лекарот Томи Мартин кој е мошне популарен на ТикТок, вели дека постојат други поефикасни и медицински докажани методи против настинки и велат дека родителите не смеат да се потпираат на овој бизарен лек и да не посетат лекар ако детето им е болно.

@dr.tommymartin #duet with @anotheroldmom the stores may run out of potatoes soon…… ?? #flu #flu#flucured #doctor #homeremedy #factorcap #potato #potatoinsock #getwellsoon ♬ Taste It - Ikson

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg