Зошто се појавува бел слој на јазикот и како да се ослободите од него?

Постојат многу причини за појава на бел јазик, а најчестата е лоша хигиена. Сепак, овој симптом може да се појави и поради некои здравствени проблеми, но и поради дехидратација.

-zoshto-se-pojavuva-bel-sloj-na-jazikot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego091.jpg

Таканаречениот бел јазик е појава кога јазикот е прекриен со бел слој.

Овој бел слој може да го покрива целиот јазик, само задниот дел, или да го има само на некои места на јазикот.

Некогаш овој симптом е проследен и со лош вкус во устата, лош здив и црвенило.

Белиот слој го сочинуваат остатоци од храна, бактерии и мртви клетки кои се „заглавени“ помеѓу папилите (ресичките) на јазикот.

Ова се случува кога папилите се отечени или воспалени.

Кога и зошто се појавува белиот јазик?

Една од најчестите причини за оваа појава е лошата орална хигиена.

Кога не ги чистите забите и јазикот, папилите можат да се воспалат, па на нив почнуваат да се собираат бактерии, остатоци од храна и мртви клетки.

Покрај тоа, белиот јазик може да се појави и од сува уста, дехидратација, иритација од протеза или вилица, пиење многу алкохол или пушење цигари.

Некогаш белиот јазик може да биде и знак за некои здравствени состојби, како леукоплакија.

zoshto-se-pojavuva-bel-sloj-na-jazikot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-03.jpg

Кој е изложен на поголем ризик?

Во зависност од здравствената состојба и животните навики, некои луѓе се изложени на поголем ризик од оваа појава.

Некои од најчестите ризични фактори вклучуваат:

  • Дијабетес
  • Возраст – оваа појава е почеста кај бебиња и мали деца
  • Пиење антибиотици
  • Исхрана со малку овошје и зеленчук
  • Треска или намален имунитет
  • Носење вилица или протеза
  • Дишење преку устата
  • Пиење многу алкохол
  • Третмани за рак
  • Хипертироидизам

zoshto-se-pojavuva-bel-sloj-na-jazikot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-05.jpg

Како да се справите со белиот јазик?

Доколу не станува збор за здравствен проблем, најпрво почнете да водите подобра грижа за оралната хигиена.

Мијте ги забите двапати дневно и не заборавајте да го исчеткате јазикот. Добро би било да користите и средство за плакнење уста.

Доколку пиете многу алкохол, пробајте да намалите, а истото важи и за цигарите. Пијте и повеќе вода во текот на денот.

Доколу овие животни промени не ви помагаат, најдобро е да се консултирате со експерт кој ќе ја утврди точната причина за појавата на белиот јазик.

zoshto-se-pojavuva-bel-sloj-na-jazikot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg