5-те најчести алергии што се појавуваат кај луѓето
Покрај алергијата на полен, доста честа појава е и алергијата на кикритики - кои други алергии се некои од најчестите?
Најголемиот дел од алергиските болести се јавуваат во детството, со астма, егзема и алергија на храна. Се претпоставува дека околу 40% од населението ќе доживее алергиска реакција барем еднаш во животот.
Но, кои се најчестите алергии што ги имаат луѓето?
Алергија на полен
Поленот е еден од најчестите предизвикувачи на сезонски алергии.
Поленот се пренесува во воздухот и може да патува значителни растојанија преку движењето на воздушните маси. Алергијата на полен е позната како „поленска треска“.
Многу луѓе велат дека спрејовите за нос со солена вода, прочистувачите на воздух и акупунктурата им помогнале да се справат со оваа алергија.
Секако, пред да пробате што било, разговарајте со лекар.
Алергија на млеко
Кравјото млеко е најчестиот алерген на храна, особено кај малите деца. Околу 7% од бебињата имаат алергија на кравјо млеко, но поголемот дел од нив ја надминуваат како што растат.
Aлергијата на млеко е имунолошки одговор на млечните протеини и се разликува од нетолеранцијата на лактоза, во која на телото му недостасува ензим потребен за варење на млечните шеќери.
Наместо кравјо млеко, можете да пробате млеко од соја, бадем, кокос, па можеби и ќе го откриете вашиот нов омилен вкус.
Алергија на кикиритки
Алергијата на кикиритки често е многу тешка, со повисоки стапки на анафилактички реакции и обично трае цел живот.
Многу е веројатно дека луѓето кои ја имаат оваа алергија, се алергични и на јаткасти плодови, иако кикиритките припаѓаат на семејството на мешунките.
Побарајте итен третман ако имате тешка реакција на кикиритки и секогаш внимателно читајте ги етикетите на храната што ја купувате.
Алергија на морска храна
Овој тип алергија се развива во подоцните години. Во повеќето случаи, оваа алергија не е лесна, но се надминува со пропишаниот третман.
Треба да бидете внимателни ако имате алергија на морска храна, бидејќи таа може да биде дел од многу продукти.
Покрај намирниците во кои е јасно дека има морска храна, таа може да биде и дел од разни суплементи. Дури и капсулите за некои лекови се прават од желатин од риба.
Луѓето кои страдаат од таква алергија може да се чувствуваат лошо дури и ако во воздухот има честички од топли или зовриени јадења со состојки од морска храна.
Најдобар начин да се идентификува точниот алерген е консултација со лекар кој ќе ви каже и како да се заштитите.
Алергија на никел
Ако имате проблем со увото по носење обетки, осип на вратот од ланчето или осип на раката од вашата белегзија, веројатно сте алергични на никел.
Ова е една од најчестите кожни алергии бидејќи никелот се користи за правење многу работи, вклучувајќи накит, мобилни телефони, монети, патенти, рамки за очила и клучеви.
Симптомите се чешање, црвенило и отекување на кожата што се јавува околу местото на контакт помеѓу кожата и никелот.
Ако имате некои од овие симптоми, едноставно пробајте помалку да ги користите тие предмети што ви ја предизвикуваат оваа несакана реакција и секогаш пред да купите накит, прашајте од каков материјал е направен.
M. Г. | Црнобело