„Бомба за прочистување“ – Нов хит пијалак кој го рамни стомакот и помага против подуеноста

На социјалните мрежи масовно се шири нов тренд за пијалак што помага веднаш да проработат цревата, да се решите од подуеноста, а со тоа и брзо да го израмните стомакот.

bomba-za-prochistuvanje-nov-hit-pijalak-koj-vednash-go-izramnuva-stomakot-i-pomaga-protiv-poduenosta-01.jpg

Станува збор за пијалак кој е богат со влакна кои помагаат за побрзо варење на храната, а е одличен за сите оние што имаат проблем со затвор, подуеност или пак имаат проблеми со варењето на храната.

Слабата физичка активност и долгите часови пред компјутер и во канцеларија придонесуваат за создавање на т.н. мрзеливи црева и проблеми со подуеноста во стомакот. 

bomba-za-prochistuvanje-nov-hit-pijalak-koj-vednash-go-izramnuva-stomakot-i-pomaga-protiv-poduenosta-03.jpg

Сепак, треба да имате предвид дека наглото зголемено внесување производи богати со влакна може да има лош ефект по здравјето, па потребно е да се консултирате со лекар во однос на тоа колку и дали смеете да го консумирате овој пијалак.

Во продолжение погледнете како се подготвува.

Потребни состојки:

  • 180ml вода
  • 2 големи лажици чиа семе
  • 1 парче лимон

Начин на подготовка:

  • Во чашата со вода се става чиа семе, се истиснува сокот од лимон и оставате пијалакот да стои околу 5 минути за чиа семето да ја апсорбира водата.
  • Пијалакот треба да се консумира на празен стомак и помага за прочистување на организмот.

bomba-za-prochistuvanje-nov-hit-pijalak-koj-vednash-go-izramnuva-stomakot-i-pomaga-protiv-poduenosta-02.jpg

Според киропрактичарот Дарил Гиофре кој прв го сподели рецептот, овој пијалак дејствува како „бомба за прочистување“ која веднаш помага да се забрза варењето на храната, а на тој начин да се ослободите од подуеноста и да се израмни стомакот.

Треба да се знае дека чиа семето содржи голем број влакна кои помагаат за подобро варење на храната.

Сепак, пред да почнете да го консумирате овој пијалак задолжително консултирајте се со лекар.

Погледнете го видеото од подготовката на пијалакот:

@kellybaums But the bullet so you didn’t have to. #internalshower #chiaseedwater #humor ♬ original sound - Kelly B

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg