Витамин Д, калциум, Б комплекс – што ќе се случи ако претерате со земањето суплементи?

Витамин Е

Витаминот Е е потребен за нормалната функција на многу органи во телото, а исто така е и антиоксидант.

Обично недостатокот од витамин Е е ретка појава и нема потреба од суплементи, особено ако јадете разновидна храна.

Ако, пак, претерате со суплементи, можно е да си предизвикате сериозни проблеми.

Претераното внесување витамин Е може да ја направи крвта поретка и да го спречи нејзиното згрутчување. Ова, пак, го зголемува ризикот од обилно крвавење кога ќе се повредите.

Некои истражувања го поврзале труењето со витамин Е и со поголем ризик од мозочен удар.

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-06.jpg

Бакар

Бакарот е важен минерал за нашето тело – помага во создавањето крвни клетки, го одржува здравјето на нервните клетки, го поддржува имунитетот и ги штити клетките од оштетување.

Предозирањето со бакар е реткост и обично настанува кога се земаат суплементи без потреба.

Ако имате премногу бакар во телото, ќе почувствувате симптоми како мачнина, повраќање (некогаш и со крв), болки во стомакот, главоболки, вртоглавица и дијареја.

Во ретки случаи, ако во организмот се акумулира премногу бакар, може да дојде до проблеми со срцето, бубрезите, црниот дроб, па дури и кома.

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-07.jpg

Железо

Железото е главната состојка на хемоглобинот, што значи е важно за нашето здравје. Но, претераното внесување железо носи многу несакани ефекти.

Обично предозирањето со железо се појавува кај мали деца кои зеле доза суплементи за возрасни.

Можат да се јават неколку симптоми, како повраќање, дијареја, болки во стомакот, треска и низок крвен притисок.

Важно е ако ги забележите симптомите, веднаш да престанете со суплементите и да одите на лекар пред симптомите да се влошат.

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-08.jpg

Витамин Ц

Витаминот Ц ги штити клетките, го одржува здравјето на кожата, крвните садови и коските, а го забрзува и заздравувањето на раните.

Обично нема потреба од суплементи со витамин Ц доколку го внесувате природно, а ако претерате, се јавуваат неколку симптоми, како болки во стомакот и дијареја.

Сепак, симптомите ќе престанат речиси веднаш откако ќе престанете со суплементите.

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-09.jpg

Б витамини

Постојат неколку витамини од групата Б, некогаш нарекувани и Б комплекс.

Секој од Б витамините има своја улога и е добар за разни делови од организмот вклучувајќи го здравјето на клетките, нивото на енергија, видот, дигестијата, функцијата на мозокот, здравјето на срцето…

До предозирање од Б витамини може да дојде само преку суплементи.

Во овој случај ќе се јават неколку последици како оштетување на црниот дроб, слабост во рацете и нозете, црвенило на кожата и слично.

vitamin-d-kalcium-b-kompleks-shto-kje-se-sluchi-ako-preterate-so-zemanjeto-suplementi-10.jpg

Како што веќе спомнавме, иако витамините и минералите се потребни за оптимално здравје, не треба да се претерува. Односно, ако сметате дека имате недостаток од некоја хранлива материја и планирате да почнете со суплементи, задолжително консултирајте се со лекар за да не си предизвикате непотребни здравствени проблеми.

Исто така, ако сметате дека сте претерале со некој суплемент или забележувате некакви симптоми, веднаш престанете да го пиете и одете на лекар. 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg