Постојано сте уморни и немате мотивација? Проверете дали сте ментално и емоционално исцрпени

Многу луѓе се исцрпуваат ментално и емоционално, што резултира со голем број на проблеми. Овие симптоми може да го нарушат вашиот нормален тек на животот, влијаејќи на вашата продуктивност и односи со луѓето. 

postojano-ste-umorni-i-nemate-motivacija-proverete-dali-ste-mentalno-i-emocionalno-iscrpeni-01.png

Ако се препознаете во овие 5 работи, можно е да минувате низ тежок период во животот и треба да започнете со неколку промени.

Немате мотивација

Се чувствувате како да не сте способни да ја завршите работата. Се борите да ја пронајдете потребната мотивација.

Целите кои некогаш ве поттикнале да работите напорно не се доволни. Со ова е особено тешко да се борите кога сте на работното место или на училиште, бидејќи има рокови за достасување на различни задачи.

Но, ако не сте мотивирани и не започнете со тие задачи, нема да ги завршите навреме, па тие ќе се акумулираат, што ќе ве натера да одолговлекувате повеќе.

postojano-ste-umorni-i-nemate-motivacija-proverete-dali-ste-mentalno-i-emocionalno-iscrpeni-02.png

Дури и малите работи ве нервираат

Во последно време наоѓате негативност насекаде околу вас и секој мал детаљ ве нервира. Како што минуваат деновите, се чувствувате безнадежно. Неспособноста и недостатокот на моќ прават да се чувствувате сè повеќе и повеќе иритирани.

postojano-ste-umorni-i-nemate-motivacija-proverete-dali-ste-mentalno-i-emocionalno-iscrpeni-03.png

Плачете без никаква причина

Ако моментот кога наутро ќе ви падне паста од четката за заби или некоја слична ситница ве доведе до напад на хистерично плачење, тоа воопшто не е добро.

Кога сме исцрпени и физички и психички, прилично ја губиме силата да се справиме со предизвикувачки ситуации, а редовниот секојдневен стрес се засилува.

postojano-ste-umorni-i-nemate-motivacija-proverete-dali-ste-mentalno-i-emocionalno-iscrpeni-04.png

Имате проблеми со спиењето

Преголемото чувство на исцрпеност ви го отежнува смирувањето на мислите и заспивањето, па така несоницата станува само уште една работа на списокот.

Вие сте толку многу уморни и сè што сакате да направите е да спиете, но не можете. Зошто? Затоа што вашите мисли не спијат. Може да се случи да почнете да заспивате, но некоја грижа ќе ви навлезе и ќе ве разбуди.

postojano-ste-umorni-i-nemate-motivacija-proverete-dali-ste-mentalno-i-emocionalno-iscrpeni-05.png

Постојано сте уморни

Можеме да бидеме исцрпени по неколкудневна забава, но тој вид исцрпеност може да се поправи со пристоен сон од неколку ноќи. Заморот не може.

Кога страдате од замор, не е важно дали спиете 20 часа на ден или пиете 30 кафиња во период од неколку часа, вие сепак ќе бидете уморни.

postojano-ste-umorni-i-nemate-motivacija-proverete-dali-ste-mentalno-i-emocionalno-iscrpeni-06.png

Какви мерки да преземете?

Можете да направите одредени промени во животниот стил за да помогнете во ублажување на симптомите на емоционална исцрпеност.

Овие техники на почетокот нема да бидат лесни, но ќе станат полесни кога ќе почнете да создавате поздрави навики.

Можете да започнете со утрински прошетки, јога, медитација, неколку денови без алкохол, разговор со најблиските, одмор од работа или луѓе кои ви создаваат стрес и слично.

Сепак, многу е важно и да побарате стручна помош за да се справите со овие проблеми побрзо и да добиете дополнителни насоки.

postojano-ste-umorni-i-nemate-motivacija-proverete-dali-ste-mentalno-i-emocionalno-iscrpeni-07.png

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg