Зошто треба да избегнувате да ги прекрстувате нозете додека седите?

Седењето со прекрстени нозе може нагло да го зголеми крвниот притисок – иако ова е само привремено, не е добро за луѓе кои веќе имаат проблем со висок притисок.

zoshto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-prekrstuvate-nozete-dodeka-sedite-01.jpg

Седењето на стол со прекрстени нозе е навика што ја имаат многу луѓе.

Но, иако овој начин на седење е удобен, па дури и прави нозете да ни изгледаат подобро, не треба да го практикуваме многу често.

Во продолжение седум причини зошто:

Телото е во неправилна положба

Кога ни се прекрстени нозете, нашата карлица и колковите не се поставени правилно.

Ова, пак, создава притисок на колковите и со текот на времето може да предизвика проблеми како болка.

zoshto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-prekrstuvate-nozete-dodeka-sedite-02.jpg

Предизвикува болкa во грбот

Поради неправилната поставеност на колковите и карлицата, неретко страда и грбот.

Ако постојано седите со прекрстени нозе, можно е подоцна во животот да си создадете и проблеми со грбот.

zoshto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-prekrstuvate-nozete-dodeka-sedite-03.jpg

Се зголемува крвниот притисок

Истражувањата покажале дека седењето со прекрстени нозе предизвикува нагло зголемување на крвниот притисок.

Важно е да се нагласи дека ова зголемување е само привремено – притисокот се регулира речиси веднаш.

Но, ако веќе имате проблеми со висок крвен притисок, не му создавајте дополнителен напор на организмот и избегнувајте да седите со прекрстени нозе.

zoshto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-prekrstuvate-nozete-dodeka-sedite-04.jpg

Се зголемува ризикот од појава на проширени вени

Проширените (варикозни) вени се уште еден проблем со кој можете да се соочите.

Проширените вени најчесто се јавуваат кај бремени и повозрасни жени, но можат да бидат предизвикани и од долго седење во иста положба.

Некои сметаат дека не е точно дека токму седењето со прекрстени нозе предизвикува проширени вени. Но, сигурно е дека ако седите долго време во иста положба го зголемувате ризикот.

Па, избегнувајте да го поминете целиот ден во седење и раздвижувајте ги нозете почесто.

zoshto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-prekrstuvate-nozete-dodeka-sedite-05.jpg

Може да се појави оштетување на нервите

Сигурно и самите сте забележале дека ако седите долго време со прекрстени нозе, почнувате да чувствувате трнење.

Долгото седење во оваа положба може да има лошо влијание врз нервите – уште една причина зошто да го избегнувате.

zoshto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-prekrstuvate-nozete-dodeka-sedite-06.jpg

Болки во вратот

Седењето во неправилна положба може да предизвика и болки во вратот, особено ако долго време не ја промените положбата.

zoshto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-prekrstuvate-nozete-dodeka-sedite-07.jpg

Лошо држење на телото

Ако постојано седите со прекрстени нозе, со текот на времето можно е да се влоши вашето држење на телото.

zoshto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-prekrstuvate-nozete-dodeka-sedite-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg