Кои се најчестите симптоми на срцев удар и што да направите ако ги забележите + како да ја спречите неговата појава?

Ако забележите само еден симптом на срцев удар, треба веднаш да побарате медицинска помош. Важно е да знаете и дека можете драстично да го намалите ризикот од инфаркт со неколку промени во животните навики.

koi-se-najchestite-simptomi-na-infarkt-i-shto-da-napravite-ako-gi-zabelezhite-kako-da-ja-sprechite-negovata-pojava-01.jpg

Срцевиот удар, познат и како инфаркт, заедно со другите кардиоваскуларни проблеми, е еден од најголемите „убијци“ на глобално ниво.

Според Светската здравствена организација, во 2019 година 17,9 милиони луѓе, односно 32% од сите починати, умреле поради некакво кардиоваскуларно заболување. Околу 85% од овие смртни случаи биле предизвикани од инфаркт или мозочен удар.

Но, овие податоци не треба да ве заплашуваат бидејќи денес смртноста од инфаркт е пониска од кога било.

Според Harvard Health, денес над 90% од луѓето кои имаат инфаркт преживуваат. Ова се должи на подобрите технологии и терапии што се достапни за пациентите и зголеменото познавање на лекарите за причинителите на инфарктот.

Исто така, со некои мали промени во животните навики можете драстично да го намалите ризикот од инфаркт.

koi-se-najchestite-simptomi-na-infarkt-i-shto-da-napravite-ako-gi-zabelezhite-kako-da-ja-sprechite-negovata-pojava-02.jpg

Во продолжение прочитајте што сè треба да знаете за инфарктот:

Што е инфаркт?

Срцевиот удар настанува кога дотокот на крв до срцето е блокиран или драстично намален.

Оваа блокада некогаш е поради наталожени масти, холестерол или други супстанции во артериите во срцето.

Недостатокот од крв може да оштети или да уништи дел од срцето, па важно е да се реагира веднаш штом се забележат симптоми на инфаркт.

koi-se-najchestite-simptomi-na-infarkt-i-shto-da-napravite-ako-gi-zabelezhite-kako-da-ja-sprechite-negovata-pojava-03.jpg

Кои симптоми се јавуваат за време на инфаркт?

Симптомите можат да варираат и кај некои луѓе да бидат поизразени, а кај некои послаби.

Но, генерално постојат неколку главни симптоми што ги чувствуваат скоро сите:

  • Болка во градите: Инфарктот обично предизвикува болка или неудобност во средината или левата страна од градите. Оваа болка може да трае неколку минути, или да се намалува, па повторно да се засилува. Можно е да чувствувате и притисок.
  • Слабост, вртоглавица и/или губење свест: Со овие симптоми може да се јави и студена пот.
  • Болка или неудобност во вилицата, вратот или грбот.
  • Болка или неудобност во едната или двете раце и рамена.
  • Испрекинато дишење: Овој симптом најчесто е придружен со болката во градите, но може да се појави и пред неа.

Кај некои луѓе, почесто кај жените, се јавуваат и симптоми како екстремен замор и гадење или повраќање.

koi-se-najchestite-simptomi-na-infarkt-i-shto-da-napravite-ako-gi-zabelezhite-kako-da-ja-sprechite-negovata-pojava-04.jpg

Што да правите ако забележите некој од симптомите?

Ако забележите и само еден симптом, веднаш повикајте брза помош. Ако поради некоја причина не можете да ја добиете брзата помош, побарајте некој да ве однесе до најблиската болница.

Немојте сами да седнувате зад волан, освен ако немате буквално никаков друг избор, бидејќи постои огромен ризик да направите сообраќајка.

Кога ќе се јавите во брза помош, прашајте дали можете да се напиете аспирин додека ги чекате медицинските лица. Аспиринот за време на инфаркт може да ја намали штетата на срцето бидејќи го спречува згрутчувањето на крвта.

Но, нагласуваме дека треба прво да се јавите во брза помош и да се консултирате со медицинско лице - аспиринот може да има негативен ефект ако пиете некои лекови или имате некоја здравствена состојба.

koi-se-najchestite-simptomi-na-infarkt-i-shto-da-napravite-ako-gi-zabelezhite-kako-da-ja-sprechite-negovata-pojava-05.jpg

На следната страница погледнете што да очекувате кога ќе стигнете во болница и како да го намалите ризикот од инфаркт...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg