Правила за поубав живот
Советите за поздрав, поубав и посреќен живот секогаш се добредојдени. Колку од нив вие применувате? Започнете со овие – едноставни и лесно применливи:
1. Пијте многу вода.
2. Појадувајте како крал, ручајте како слуга, вечерајте како просјак.
3. Јадете повеќе храна која расте на дрвја и билки, а колку можете помалку индустриски произведена храна.
4. Живејте со трите Е: Енергија, Ентузијазам, Емпатија.
5. Најдете време за медитација.
6. Танцувајте кога можете и колку можете повеќе.
7. Прочитајте повеќе книги отколку минатата година.
8. Седете во тишина барем 10 минути дневно.
9. Спијте по 7 часа.
10. Пешачете 10-30 минути секој ден. И бидете насмеани додека пешачите.