5 намирници кои ги штитат и чистат белите дробови

Клучот за одржување на здравото тело е урамнотежената исхрана, како и чистењето на телото од насобраните токсини. Многу е важно да знаеме дека не може да се постигне целосно „чистење“ и таканаречено регенерирање на белите дробови, но од добар дел на токсините може да се ослободиме со помош на одредени намирници.

5-namirnici-koi-gi-shtitat-i-chistat-belite-drobovi-01.jpg

Во продолжение за вас издвојуваме 5 намирници кои ги штитат и чистат белите доброви, а посебно се пожелни за пушачите:

Слатка пченка 

Оваа здрава храна содржи бета-криптоксантин, кој е моќен антиоксиданс и се смета дека е одличен „штит“ на белите дробови.

5-namirnici-koi-gi-shtitat-I-chistat-belite-drobovi-I-se-vistinski-melem-za-pushachite 02 630x473.jpg

Лук и кромид

Oвој зеленчук има многу позитивни ефекти врз целиот организам, а се смета и за добар „чистач“ на белите дробови.

5-namirnici-koi-gi-shtitat-I-chistat-belite-drobovi-I-se-vistinski-melem-za-pushachite 03 630x420.jpg

Ѓумбир

Содржи над 100 биоактивни соединенија, минерали, витамини Б6, Б12, магнезиум, натриум, калциум, железо и други елементи.

Всушност, ѓумбирот содржи многу состојки кои помагаат да се исфрли нечистотијата од воздухот пред да ги иритира белите дробови, а исто така добро влијае и на циркулацијата.

5-namirnici-koi-gi-shtitat-I-chistat-belite-drobovi-I-se-vistinski-melem-za-pushachite 04 630x420.jpg

Оригано

Богато е со карвакол и терпен, кои делуваат како средства за чистење на белите дробови. Ова растение ни помага при воспаление и ја подобрува проодноста на носните пасуси, а со тоа е од особена помош на целиот респираторен систем.

5-namirnici-koi-gi-shtitat-I-chistat-belite-drobovi-I-se-vistinski-melem-za-pushachite 05 630x630.jpg

Рен

Одлично средство за чистење на организмот и има антибиотско и антиканцерогено дејство, кои се должат на состојките гликозид синигрин и алил изотиоцијанат.

Популарно се користи за чистење на крвта, бројни респираторни проблеми (најчесто во комбинација со мед), за исфрлање на камења и песок од бубрезите, како лек за белодробни заболувања и ревматизам.

5-namirnici-koi-gi-shtitat-I-chistat-belite-drobovi-I-se-vistinski-melem-za-pushachite 06 630x369.jpg

Напомена: Најважното нешто што треба да го знаете е дека доколку имате одредени проблеми со дигестивниот тракт или какви било алергии, задолжително консултирајте се со лекар пред да почнете да консумирате некоја од овие намирници.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg