10 знаци дека може да имате сексуално преносна инфекција

Ако сте имале незаштитен сексуален однос или контакт, како на пример допирање или пенетрација, постои ризик да заболите од сексуално пренослива инфекција.

Znaci-na-seksualno-prenosna-infekcija-01.jpg

Внимавајте на следните 10 знаци на сексуално преносливи инфекции (СПИ), а доколку се соочувате со неколку од нив, задолжително побарајте помош од вашиот лекар или гинеколог:

1. Исцедок што е невообичаен за вас според бојата, мирисот и текстурата;

2. Печење, горење или чешање во пределот на гениталиите;

3. Оток во пределот на гениталната област;

4. Болки додека уринирате;

5. Нерегуларно крвавење од вашиот пенис или вагина;

6. Болка во стомакот;

7. Болка кога имате сексуален однос или каков било сексуален контакт;

8. Плускавци или рани насекаде по телото, но особено во пределот на гениталиите;

9. Чувство на општо лошење, премногу топло или премногу ладно или пак симптоми слични на грип;

10. Без никакви симптоми – важно е да се забележи дека можеби имате СПИ (и затоа го пренесувате на други) без да искусите какви било симптоми на себе. Затоа редовните прегледи, тестови и проверки се многу важни.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg