10 навики со кои несвесно ги оштетувате вашите заби
Ги користите забите како алатки
Немојте да кинете селотејп, кончиња од блузата или што било со вашите заби.
Со ова создавате непотребно триење кое може да ги оштети забите, а и овојпат постои ризик да скршите некој заб.
Консумирате многу храна и пијалаци што ги бојат забите
Кафето и црниот чај можат да остават дамки на забите ако ги консумирате многу често.
Истото важи и за темните газирани пијалаци, сосовите од домати, како и сосот од соја.
Не треба целосно да се откажете од овие пијалаци и храна, но бидете поумерени со нив и најдобро измијте ги забите кога ќе ги консумирате.
Грицкате нокти
Ако ги грицкате ноктите, веројатно веќе знаете колку штетна може да биде оваа навика за забите.
Со грицкањето не само што создавате триење на забите, туку лесно можете да ги скршите, а создавате и притисок на вилицата кој подоцна може да биде причина за болка.
Не заборавајте дека кога ги грицкате ноктите, во устата ги внесувате и сите бактерии од вашите дланки, а ова може да создаде дополнителни здравствени проблеми.
Ако ви е тешко да се контролирате, денес можете да најдете безбојни лакови за нокти со многу горчлив вкус. Овие лакови воопшто не се познаваат и слободно можат да ги користат и мажи.
Постојано грицкате нешто
Честото грицкање може да ви предизвика проблеми со тежината, но и со забите.
Покрај тоа, обично сите сакаме грицки кои имаат многу шеќери, а добро познат факт е дека шеќерот можеби најмногу ги оштетува забите.
Не мора целосно да се откажете од чипсот и чоколадото, но бидете умерени и препорачливо е да ја исплакнете устата со вода по јадењето.
Ја плакнете пастата за заби
Откако ќе ги измиете забите, немојте да ја плакнете пастата со вода.
Пастата содржи флуор кој ги штити забите, па препорачливо е да ја оставите по миење.
Ако сепак морате да ја исплакнете устата (зависно од пастата и пената што ја создава), направете го тоа со средство за плакнење кое ги штити забите.
Спирова С. | Црнобело