10 навики со кои несвесно ги оштетувате вашите заби
Ако ги триете забите многу силно кога ги миете, нема да ги исчистите подобро, но речиси сигурно ќе ги иритирате непцата и ќе си создадете проблеми.
Речиси и да не постои личност која немала кариес во животот или барем еден проблем со забите. Дури и оние кои навистина се грижат за оралната хигиена, кога-тогаш најверојатно ќе се соочат со некаков проблем.
Дали сте забележале дека имате почувствителни заби или ви се појавува кариес без разлика што редовно одржувате беспрекорна орална хигиена?
Тогаш можеби имате некоја од следниве штетни навики:
Воопшто не пиете млеко
Благодарение на калциумот што го содржи, млекото е еден од најдобрите пијалаци за забите.
Бројни истражувања покажале дека млекото го зајакнува емајлот на забите и ги штити од кариес.
Доколку сте веган или не пиете млеко од други причини, сличен ефект можете да постигнете и со растително млеко кое е збогатено со калциум.
Џвакате моливи и разни предмети
Многу луѓе имаат навика да го џвакаат моливот или пенкалото додека работат нешто. Ако и вие спаѓате овде, време е да се ослободите од оваа навика бидејќи постои ризик да скршите некој заб.
Гумите за џвакање без шеќер можат да ви бидат од голема помош во овој подвиг.
Пиете кисели сокови без потоа да ја исплакнете устата
Овошните сокови, посебно оние од лимон и портокал, имаат ниска pH вредност, односно се кисели.
Овие киселини можат да го ослабнат емајлот на забите и со тоа да ја зголемат нивната чувствителност.
Затоа, препорачливо е да ја исплакнете устата со вода откако ќе испиете чаша сок.
Ги триете забите со четката многу силно
Со силното триење нема подобро да ги исчистите забите, но сигурно ќе го иритирате и оштетите непцето.
Ако, пак, имате чувствителни непца, најдобро е да си купите четка со помеки влакна.
Грицкате коцки мраз
Можеби грицкањето коцка мраз разладува во лето, но немојте да го правите ова ако сакате да го зачувате здравјето на забите.
Мразот сепак е цврст и секогаш постои ризик да скршите заб ако го грицкате.