Кајла Итсинес за борбата со ендометриозата: „Први симптоми ми беа болниот секс и тешките менструации“

„Поради болките за време на менструација ми се случуваше да носам топли облоги на стомакот во училиште“ – раскажува фитнес блогерката Кајла Итсинес која 12 години живее со ендометриоза. Таа го сподели нејзиното искуство за симптомите од оваа здравствена состојба.

kajla-itsines-za-borbata-so-endometriozata-prvi-simptomi-mi-bea-bolniot-seks-i-teshkite-menstruacii-01.jpg

Кајла Итсинес (30) е фитнес блогерка од Австралија која во минатото редовно објавуваше видеа од тоа како вежба и во време на бременоста, а деновиве е актуелна откако отворено проговори за нејзината борба со ендометриозата.

Март е месец за подигнување на свеста за ендометриозата. Ова е мошне честа здравствена состојба од која страдаат голем број жени, а австралиската блогерка Кајла Итсинес деновиве на Инстаграм имаше своја објава во која проговори за сопствените искуства.

Кајла вели дека имала 18 години кога за првпат официјално ѝ била дијагностицирана состојбата.

„Најверојатно, доколку вие немате ендометриоза, најчесто познавате некого што се соочува со оваа состојба... Треба меѓусебно да се едуцираме за состојбата и да водиме разговори за женските проблеми без срам“ – вели таа.

View this post on Instagram

A post shared by KAYLA ITSINES (@kayla_itsines)

Кајла појаснува дека симптомите вклучуваат болка за време или по сексуален однос, болка што се јавува за време на менструацијата или во период на овулација.

„Кога станува збор за моите први искуства со ендометриозата, јас почувствував голем број од овие симптоми.

Имав тешки и болни менструации и се сеќавам дека им бев љубоморна на другарките што можеа нормално да го живеат животот за време на менструација, затоа што јас не можев да го правам тоа.

Ми се случувало да одам во училиште со топли облоги на стомакот затоа што имав огромни болки. Менструациите не треба да бидат такви“ – појаснува таа.

Освен овие два симптоми, Кајла вели дека чувствувала и болка во нозете, што наликувала на „постојано печење или болка“ кое се јавувало секогаш кога се движела по скали.

„Често велам дека имам мала бешика, но знам дека тоа е поради ендометриозата“ – појаснува таа.

Фитнес блогерката  вели дека ги поминала сите неопходни операции, а со текот на годините научила како да живее со состојбата.

Минатата година таа објави видео во кое се гледа како со тешки болки не се откажува од вежбањето.

Ендометриозата е честа состојба во која ткивото кое обично ја покрива матката, почнува да расте и се наоѓа на други невообичаени места во телото, во карличниот дел, а засега не се знае точниот причинител за оваа здравствена состојба.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Вие прашувате, психолог одговара: „Откако ме дијагностицираа со мултипла склероза, сопругата ме оста... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg