Необични здравствени совети

neobicni-zdravstveni-soveti-koi-mozat-da-vi-pomognat-povekjeСите знаеме дека за добро здравје е потребно многу овошје и зеленчук. Редовните вежби и намаленото внесување на слатки се подразбираат. Меѓутоа...


...последниве години се појавија и некои чудни, но научно докажани препораки  за здравјето.

Со бричење против алергија

Ако сте склони кон алергии би требало да размислите дали мустаќите ви се неопходен моден детал. Една студија покажала дека мажите кои два пати дневно ги мијат мустаќите и брадата, користат помалку лекови против алергија. Имено, во влакната на брадата и мустаќите има многу прашина, полен и други честички кои што предизвикуваат алергија. Доколку ве мрзи постојано да ги миете мустаќите и брадата, машинката во рака.

Мирисот на јаболкото ја брка главоболката

neobicni-zdravstveni-soveti-koi-mozat-da-vi-pomognat-1

Важноста за внесување на овошје во организмот на сите ни е позната, но потполно нов е податокот дека мирисот на зеленото јаболко може да им помогне на оние кои што страдаат од мигрена, намалувајќи им го чувството за болка. Значи, со мирисање на јаболкото можеби само ќе ги пренасочите мислите, но ова е еден од природните начини да ја излечите главоболката.

Слабејте менувајќи ги радио станиците

Суштината е да се избегнува монотонијата. Секој ден треба да се прави нешто поинакво, макар тоа било и менување на радио станиците додека ги извршувате домашните работи. И таа промена ќе во помогне во намалувањето на килограмите. Секоја промена - неколку грама помалку. Уште и ако малку заиграте во жесток ритам....

Измијте ги рацете по употребата на банкоматот

Истражувањата покажале дека парите и банкоматите се највалканите предмети со кои секојдневно доаѓаме во контакт. Замислете само кој сè не ги фаќал парите и тастатурата на банкоматите. Значи, дезифицирајте ги, или измијте ги рацете и така избегнете зараза.

Чоколадното млеко ја враќа енергијата

neobicni-zdravstveni-soveti-koi-mozat-da-vi-pomognat-2

По вежбањето, чоколадното млеко добро ќе му дојде на организмот. Протеините од млекото ќе го поттикнат опоравувањето на уморните мускули на најздрав начин, додека јаглените хидрати на вкусен начин ќе ја надоместат изгубената енергија.

Штиклите се добри

Советот кој без сомнение секоја жена едвај ќе го дочека се однесува на носењето на високи потпетици. Според едно истражување на британските научници, носењето на штикли може да биде одлична превенција против артрит и болки во колената.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам ни да ја погледнам ќерка ми – дали имам постпородилна де... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Дали смееме да се бањаме во море со тампон, според српски гинеколог „Подобро е да не се бањате неколку денови, отколку да се бањате со тампони“ – ве...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои се симптомите на гестациски дијабетес и што ако не се третира? Гестацискиот дијабетес се појавува во бременоста, а најчесто по породувањето, ше...
Рефлукс - што го предизвикува и како да го контролирате? Доколку чувствувате печење веднаш под градите и киселини повеќепати неделно, вре...
Што треба да знаете за бактеријата мораксела – Честа е кај децата, предизвикува инфекции Бактеријата мораксела сè повеќе се идентификува како честа причина за инфекција ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg