Туршија и варено вино за здравје – Зимската храна го чува телото од вируси
Во зима треба да го промените начинот на исхрана и тоа не само поради празниците.
Киселата зелка, туршијата, варените домати и цвекло, како и греаното вино си имаат свои предности.
Кисела зелка трипати неделно
Киселата зелка треба да се јаде барем трипати неделно, како би се снабдило телото со неопходниот витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и спречува развој на болести.
Ако сте веќе настинати, зелката помага во лечењето, ја смирува кашлицата и делува како антисептик кој го спречува ширењето на воспалението.
Вареното вино е природен антиоксиданс
Овој пијалак не само што е вкусен и топол, истовремено е здрав. Секако, кога се подготвува без шеќер и предолго варење, виното ги сочувува антиоксидансите кои ги спречуваат воспалителните процеси.
Исто така најдобро е да се комбинира со здрави зачини како цимет, ѓумбир и портокали.
Туршија и компот – природни пробиотици
Туршијата може да му помогне на телото полесно да ја „помине“ зимата, бидејќи е полесна за варење.
Кога нема премногу соли и конзерванси, домашната туршија е погоден пробиотик. Ферментираната храна настаната по природен пат нуди ензими, витамини и корисни бактерии кои помагаат при варењето на храната и се борат против канцерогените клетки.
Исто важи и за компотите кои немаат многу додадени шеќери, односно компотот од суви сливи се издвојува како посебно здрав – содржи витамини, железо, цинк и состојки кои го зајакнуваат телото однатре.
Варен домат и цвекло
Кај варениот домат се губи голема количина на витамин Ц, но се зголемува количината на ликопен – моќен антиоксиданс.
Освен доматот, вареното цвекло во тегла изобилува со витамини, магнезиум, железо, селен и јод.
М. Д. | Црнобело