Вежби за во вода
Ако сакате да се одржите во форма додека сте на одмор, можете да правите вежби во вода. Ова се неколку предлози кои ќе го сочуваат вашето тело...
...во најдобар ред и без одење во теретана.
Вежба број 1:
Со рацете правете кругови како да ви се весла и туркајте ја водата пред себе. Подигнете ја десната нога пред себе во висина на колкот, додека со прстите на левата нога застанете на дното. Држете ја оваа положба, а со рацете непрестајно веслајте. Заменете ги нозете и направете го истото. Продолжете 30 секунди наизменично со левата и десната нога.
Вежба број 2:
Со градите стегнете ја топката за на плажа додека лебдите на површината. Испружете ги нозете и вртете се околу топката со помош на целото тело, особено рамениците. Направете цел круг и вратете се во почетната положба. Земете здив. Продолжете 30 секунди во спротивна насока.
Вежба број 3:
Држете ја топката за плажа со рацете испружени право пред себе, лебдејќи во водата со градите према долу. Нозете нека бидат испружени, т.е. прекрстени во стапалата. Колку можете побрзо влечете ја топката под површината кон бедрата држејќи ги рацете право. Ова би требало да ве крене на површината. Вратете се во почетната положба. Повторувајте ги вежбите за 30 секунди.
Вежба број 4:
Во плитко седнете во вода со рацете од страна и подигнете ги двете нозе заедно. Нозете и телото да ја направат буквата V. Задржете ја оваа положба 30 секунди додека со рацете правите кругови под површината на водата.
Секогаш консултирајте се со својот лекар пред да почнете да вежбате.