Темната страна на прекумерното внесување на сончевиот витамин Д – бидете внимателни со дозата

Иако има бројни придобивки од витаминот Д, претераното консумирање може да води до несакани последици, како замор, па дури и оштетување на бубрезите.

temnata-strana-na-prekumernoto-vnesuvanje-na-soncheviot-vitamin-d-bidete-vnimatelni-so-dozata-01.jpg

Од избувнувањето на коронавирусот, многу лекари советуваа зголемен внес на витамин Д, особено во зимските денови. Иако придобивките се повеќекратни, постои и темна страна поради неговото претерано консумирање.

Дали ми треба витамин Д? Пред да посегнете по кутија која го содржи овој витамин, потребно е да се консултирате со лекар, но и да го проверите нивото на витамин Д во организмот. Ова е едноставно испитување кое може да го направите во секоја лабораторија.

Доколку се покаже дека немате недостаток на витамин Д, заклучокот е едноставен – не е потребно да пиете никакви суплементи. Доколку се покаже дека е дефицитарен во организмот, што и не е толку ретка појава во зимските денови, дозата треба да ви ја одреди лекар.

Многумина сметаат дека суплементите воопшто не се опасни, па ги голтаат како „бонбончиња“ на своја рака, без никаква стручна консултација, но ова е погрешно.

Претераното консумирање витамин Д може да доведе до разни проблеми со здравјето и доколку забележите некој симптом, одете на лекар. Истовремено, престанете да го пиете овој витамин.

Не заборавајте дека дури и кога станува збор само за витамини, консултацијата со лекар е задолжителна пред да почнете да ги пиете.

Последици од претерано консумирање витамни Д:

Често мокрење

Кога нивото на витамин Д се зголемува, следствено се зголемува и концентрацијата на калциум во крвта. Најлесниот начин телото да се ослободи од овој вишок е секако преку урината, поради што можете да почувствувате зголемена потреба за одење во тоалет.

Општа слабост

Збунетоста, вртоглавицата и заморот можат да бидат симптоми на разни болести, но и на стрес. Меѓутоа, доколку во последно време секојдневно земате витамин Д, оваа состојба може да се должи на хиперкалцемија која се развива како резултат на претерано консумирање витамин Д.

temnata-strana-na-prekumernoto-vnesuvanje-na-soncheviot-vitamin-d-bidete-vnimatelni-so-dozata02.jpg

Дигестивни нарушувања

Дијареја, констипација, грчеви и гадење може да се појават поради вирусна или бактериска инфекција. Сепак, сите овие симптоми можат да бидат и знак на „труење“ предизвикано од вишок на витамин Д во организмот.

Оштетување на бубрезите

Камења во бубрезите може да се појават кога нивото на витамин Д нагло се зголемува. Може да дојде и до повреда на бубрезите.

temnata-strana-na-prekumernoto-vnesuvanje-na-soncheviot-vitamin-d-bidete-vnimatelni-so-dozata03.jpg

Кршливост на коските

Иако се пропишува како задолжителна терапија во лекувањето на рахитисот и е тесно поврзан со здравјето на коските, не се препорачува претерана или непотребна употреба на витамин Д.

Кога се консумира во големи количини, витаминот Д може негативно да влијае на густината и цврстината на коските.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg