Зошто и колку жените се здебелуваат за време на менструација – Може ли да се спречи?

Подуеност, зголемена телесна тежина, лошо расположение - ова се само некои од знаците дека жената е во „оние денови“. Зошто и колку во просек се здебелуваме за време на менструација и постои ли начин тоа да се спречи?

zoshto-i-kolku-zhenite-se-zdebeluvaat-za-vreme-na-menstruacija-mozhe-li-da-se-sprechi-01.jpg

Некои жени немаат никаков проблем со менструацијата, а за други е вистинско измачување: подуеност, зголемена телесна тежина, лошо расположение, малаксаност…

Голем број од жените прават сè што е во нивна можност за да го избегнат здебелувањето за време на менструација: здрава исхрана, избегнување одредена храна, вежби, медитација… Сепак, кога наутро ќе застанат на вагата таа покажува дека пак качиле некое кило – зошто е тоа така?

zoshto-i-kolku-zhenite-se-zdebeluvaat-za-vreme-na-menstruacija-mozhe-li-da-se-sprechi-02.jpg

Британската докторка Ели Рајнер за Good to Кnow појаснува дека во просек некои жени качуваат од 1 до 2 килограми кога имаат менструација, а тоа се должи на промената на хормоните во телото.

zoshto-i-kolku-zhenite-se-zdebeluvaat-za-vreme-na-menstruacija-mozhe-li-da-se-sprechi-03.jpg

Главен виновник за зголемената телесна тежина е естрогенот, а кога неговото ниво е високо, тој исто така предизвикува и променливо расположение, анксиозност и депресија.

„Зголеменото ниво на естроген (што го достигнува својот врв за време на менструација) може да предизвика задржување на поголеми количества вода во организмот, поради што се чувствувате подуено или подебело“ – вели таа.

zoshto-i-kolku-zhenite-se-zdebeluvaat-za-vreme-na-menstruacija-mozhe-li-da-se-sprechi-04.jpg

Од друга страна, пак, намалувањето на нивото на прогестеронот (хормонот што ја подготвува матката за бременост) за време на менструалниот циклус може да предизвика опстипација, што дополнително придонесува за зголемување на телесната тежина.

zoshto-i-kolku-zhenite-se-zdebeluvaat-za-vreme-na-menstruacija-mozhe-li-da-se-sprechi-05.jpg

Што можете да направите за да го намалите зголемувањето на телесната тежина за време на менструацијата?

За жал, подуеноста и зголемувањето на телесната тежина не можат да се избегнат во целост за време на менструацијата, но постојат неколку работи што би можеле да ги земете предвид доколку сакате следниот циклус да го поминете малку полесно:

Пијте многу вода

На овој начин ќе се осигурате дека вашето тело нема да задржува многу течности.

Колку помалку пиете вода, толку повеќе вашето тело регистрира дека имате недостаток на вода и почнува да ги задржува течностите.

zoshto-i-kolku-zhenite-se-zdebeluvaat-za-vreme-na-menstruacija-mozhe-li-da-se-sprechi-07.jpg

Избегнувајте солена храна

Избегнувајте да јадете солена храна или јаглехидрати. Оваа храна може да доведе до дехидратација и задржување на вода.

zoshto-i-kolku-zhenite-se-zdebeluvaat-za-vreme-na-menstruacija-mozhe-li-da-se-sprechi-08.jpg

Бидете активни

Иако можеби немате волја да станете од кревет, вежбите ќе ви помогнат во намалувањето на подуеноста и ќе го подобрат работењето на дигестивниот систем.

zoshto-i-kolku-zhenite-se-zdebeluvaat-za-vreme-na-menstruacija-mozhe-li-da-se-sprechi-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / Фото: depositphotos.com / freepik.com

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg