Што предизвикува хипотермија – намалување на телесната температура под нормалата?
Телесната температура под 35 степени се смета за абнормална и оваа состојба се води како хипотермија.
До хипотермија доаѓа кога телото губи топлина побрзо отколку што ја создава. Се работи за алармантна состојба која ако не се лекува навреме, може да доведе до сериозни оштетувања на витални органи.
Колкава е нормалната телесна температура?
Се движи околу 36 до 37 стпени на површината на кожата.
Покрај тоа, природно е температурата да е пониска наутро за околу 0,3 степени, отколку во вечерните часови.
Зошто се јавува ниска температура?
- Носење облека која не ве штити од ладно.
- Поминување долго време надвор кога температурите се ниски.
- Поминување долго време во ладна вода.
- Живот во дом во кој константно е ладно.
Кои се симптомите на хипотермија?
- Тресење на телото
- Ладни дланки и стапала
- Полесно, плитко дишење
- Слаб пулс
- Збунетост
- Краткорочно губење на меморијата
- Губење свест
- Светло црвена кожа
- Поспаност
Што друго може да биде причина за хипотермија?
Замор – колку добро толерирате ниски температури може да зависи од нивото на енергија.
Старост – телото и неговите можности се менуваат како што времето поминува.
Млади деца – децата понекогаш знаат да губат топлина многу побрзо отколку возрасните.
Алкохол и наркотици – поради алкохолот ќе се чувствувате загреано, дури и кога на телото реално му е ладно, па постои поголем ризик од хипотермија.
Медицински состојби кои може да влијаат на ниската телесна температура:
- Забавена работа на тироидната жлезда
- Лоша исхрана
- Анорекција
- Дијабетес
- Мозочен удар
- Паркинсонова болест
- Повреда на карлицата
- Инфекции на белите дробови
Лекови кои исто така може да ја намалат температурата на телото:
- Одредени антидепресиви
- Посилни лекови против болки
- Седативи
М. Д. | Црнобело