6 природни начини преку кои ќе го надоместите магнезиумот во вашето тело
Магнезиумот е еден од 16-те минерали потребни на човечкото тело.
Луѓето кои страдаат од несоница или треперење на нозете, најверојатно имаат помалку магнезиум во телото отколку што им треба.
Покрај тоа, магнезиумот може да биде намален при менструалниот циклус кај жените, кога луѓето се вознемирени, депресивни, имаат мигрена, страдаат од дијабетес тип 2 или висок крвен притисок, хронична дијареја или повраќање, како и воспаление на мускулите.
Жените треба да консумираат 310mg до 320mg магнезиум на ден, и 350mg до 360mg доколку се бремени, но дозата се одредува ИСКЛУЧИВО СО КОНСУЛТАЦИЈА СО ЛЕКАР.
Магнезиумот може да се компензира во форма на таблети, но исто така може да биде штетен доколку во исто време се користат лекови за висок крвен притисок или некои други антибиотици.
Затоа, најдобар начин е магнезиумот да го внесувате преку вашата исхрана и за сите дополнителни примени да се консултирате со стручно, медицинско лице.
Во продолжение 6 природни начини преку кои ќе го надоместите магнезиумот во вашето тело:
Морска сол
Иако ова не е внес на магнезиум преку исхраната, може да ви помогне доколку страдате од несоница. Наполнете ја кадата со топла вода и истурете ја морската сол.
Легнете и опуштете се. Вашата кожа ќе биде натопена со овој раствор, кој има корисен ефект против воспалителните процеси и ги намалува отоците.
Лесниот сон после купката е загарантиран.
Темнозелени листови
Спанаќот и кељот се богати со растителни влакна, антиоксиданти, витамини и минерали како магнезиум. Maгнезиумот се крие и во останатите зелени зеленчукови плодови.
Костенливо овошје и семиња
Семки од тиква, ореви, бразилски ореви, бадеми и ф'стаци се добри извори на магнезиум, кој помага при вознемиреност и депресија.
Тие исто така го подобруваат расположението бидејќи содржат протеини, растителни влакна, здрави масти и други хранливи материи.
Овес
Една чаша овесна каша содржи 61mg магнезиум. Ако додадете малку семе и ореви на овој појадок, бројот ќе биде дополнително зголемен.
Банана
Можеби најлесниот начин да добиете магнезиум е да јадете банана. Една банана содржи 32mg магнезиум.
Темно чоколадо
Чоколадото, кое во себе содржи повеќе од 80 проценти какао, е богато со антиоксиданти. Исто така, содржи многу магнезиум.
Мила М. | Црнобело