Како брзински да се разладите во пеколно топлите денови?
Првиот топлотен бран дефинитивно нè фати неподготвени, посебно затоа што летото е на почетокот.
Постојат неколку работи за инстант разладување, кое не вклучува клима, а може да ги изведете за да ви го олеснат функционирањето во пеколно топлите денови:
1. Наполнете шишенце со вода и ставете распрскувач. Наместо спреј, користете го секогаш кога ќе почувствувате топлина.
2. Држете ги главата и вратот заштитени од сонце. Сензорите за контрола на топлината се во тоа подрачје од телото и се клучни за температурата која ја чувствувате.
3. Држете неколку коцки мраз на зглобовите и вратот.
4. Навлажнете ја косата, но внимавајте да не сте под клима уред.
5. Ако веќе мора да излезете од дома, тоа направете го со капа или шешир, кој благо ќе го натопите во вода. И секако, избегнувајте го најтоплиот дел од денот.
6. Може да ги намокрите и ракавите од кошулата за разладувачки ефект.
7. Ладете ги стапалата кога и да имате шанса.
8. Пијте многу кокосова вода која е богата со витамини, минерали и електролити, па ќе спречи било какво лошење од сонцето.
9. Направете чај од нане и добро оладете го преку ноќ. Пијте го како замена за вода.
10. Носете исклучиво памучна облека и облека од природни материјали. Избегнувајте синтетика, посебно сатен.
М. Д. | Црнобело