Како изгледа породувањето, каде стои тампонот – акушерка споделува едукативни видеа со модели од женски репродуктивни органи
Сара Пригнл е акушерка која го користи својот TikTok профил за споделување едукативни видеа за женското здравје кои се многу популарни.
Користејќи модели на женски репродуктивни органи со кои ги обучува идните гинеколози, Сара сликовито покажува што се случува на гинеколошки преглед, како се позиционира тампонот во вагината, па дури и што се случува за време на породување.
Најгледаното видео на Сара има 10 милиони прегледи и покажува колку се отвора грлото на матката кога почнува породувањето.
@midwifemama #baby#preg#pregnant#labor#labour#rn#laboranddelivery #laboranddeliveryrn #laboranddeliverynurse #midwife#midwifemama #YesDayChallenge #tt#springbreak
♬ Renai Circulation (English Cover) [TV Size] - Lizz Robinett
Сара го направила првото видео минатата година, но повеќе на шега. Сепак, бидејќи нејзиниот број на следбеници почнал да расте, таа сфатила дека женското здравје е тема што ќе ги интересира многу луѓе.
„Ми стана јасно дека луѓето сакаат да знаат за нивните тела и нивното здравје. Ова ме инспирираше да почнам да правам едукативни видеа за најчестите гинеколошки прегледи, продуктите за жени и основните работи за бременоста и породувањето“, вели таа.
Бидејќи Сара обучува идни акушери, во ординацијата има многу модели на женски репродуктивни органи кои ѝ помагаат сликовито да ги објасни најосновните работи што треба да ги знае секоја девојка или жена.
Таа смета дека сите луѓе, независно од полот, се фасцинирани од женското тело, особено кога станува збор за бременост и породување.
@midwifemama #period#tampon#periods#menstrualcycle#cycle#PupPeroniShuffle #DoritosFlatLife
-->♬ In Da Club - Instrumental Hip Hop Beats Crew
Сара има и одличен совет за сите жени и девојки во врска со нивниот гинеколог:
„Многу е важно кој е вашиот лекар. Треба да се чувствувате удобно кога разговарате со него/неа за што било, вклучувајќи го и планот за бременост. Ако не се чувствувате удобно со сегашниот лекар, во ред е да побарате друг.
Исто така, важно е да знаете дека вие ја имате контролата над вашето тело и треба да бидете добро информирани за да донесете правилна одлука. Едукацијата може да им помогне на луѓето да размислат за себе кога станува збор за здравствената нега. И, едуцирањето може да биде забавно!“
Во продолжение дел од најпопуларните едукативни видеа на Сара:
@midwifemama #period#menses#mensessentials#midwifemama#midwife#cup #menstrualpads#tampon#DontSweatIt
♬ Starstrukk - 3OH!3,Katy Perry
@midwifemama #period#tampon#losttampon#menstruation#periods#timeofthemonthproblems#timeofthemonth #QuickerPickerRapper #comingtoamerica
♬ Cupid's Chokehold / Breakfast in America - Gym Class Heroes
@midwifemama #cervix #cervixcheck #labor#labour#birth#baby#rnstudent #rn#YesDayChallenge
♬ So Pretty - Reyanna Maria
@midwifemama #periods#period #padsandtampons #midwife #menstrualcycle #teens #fyp #menstrualcup #GEICOLipSync
♬ Hey Mickey - Bella Heart
@midwifemama #midwifemama#midwife#pap#smear
♬ Triple S - YN Jay & Louie Ray
@midwifemama #birth#birthing#labor#labour#spinningbabies #midwife#midwifemama#ob#baby#born#thankstoher
♬ Drive Forever - Remix - Sergio Valentino
Спирова С. | Црнобело