7 работи кои вашиот психолог би сакал да ги знаете

Потребата од терапија не значи дека сте „луди“... Не смеете да се срамите да побарате помош од страв што ќе помислат другите за вас е првото и основно правило.

7-raboti-koi-vashiot-psiholog-bi-sakal-da-gi-znaete-01.jpg

Порано одењето на психолог се сметаше за табу тема, но сега тоа е сосема нормална работа.

Кога имате проблем, дефинитивно треба да побарате помош, затоа што токму вашиот психолог можеби ја знае тајната како да закрепнете.

Мора да бидете релаксирани во процесот и да изградите однос на база на доверба со вашиот психолог. Тоа е клучот за да го извлечете максимумот од вашите сесии.

Работи кои вашиот психолог би сакал да ги знаете:

Потребата од терапија не значи дека сте „луди“

Терапијата е начин како да научите да се справувате подобро со вашите чувства и мисли на поефективен начин, вели психологот и автор од Калифорнија Тина Б. Тесина.

Не треба да постои срам во врска со менталното здравје, без разлика дали ќе ви дијагностицираат депресија или нешто друго. Не смеете да се срамите да побарате помош од страв што ќе помислат другите за вас.

7-raboti-koi-vashiot-psiholog-bi-sakal-da-gi-znaete-05.jpg

Посилни сте од што мислите

„Клиентите најчесто ги гледаат своите слабости и работите кои не успеваат да ги направат, но јас гледам колку се борат за да ги извршат дневните активности и гледам сила во нив.

Метафората која ја користам е дека тие со ранец од 100 килограми на себе се обидуваат да одат право и не мислам дека се слаби. Понекогаш им помагам да сфатат дека знам колку сила им е потребно за да го истуркаат денот“, вели доктор Тесина.

Работите може да станат подобри

„Понекогаш само посакувам моите клиенти да знаат дека работите можат да станат подобри. Важен концепт при справувањето со емоционалната болка е да се ослободат од безнадежноста, која ги обзема откако извесен период се борат против болката и не пронаоѓаат олеснување и подобрување. Но, не треба да се откажуваат затоа што гледам клиенти кај кои подобрувањето доаѓа дури по неколку години“, вели таа.

7-raboti-koi-vashiot-psiholog-bi-sakal-da-gi-znaete-02.jpg

Но, твојот психолог не може да те „поправи“

Најлошата претпоставка е дека психолозите можат да ги „поправат“ клиентите. Наместо тоа треба да постои партнерство помеѓу терапевтот и клиентот и тоа функционира само ако двете страни се активно вклучени во процесот.

Психолозите знаат како да одат по теренот, но не можат да ги носат клиентите на грб. Самиот клиент мора да работи и да биде дел од патувањето.

Ниту една тема не е недозволена

Добриот психолог ќе направи да му верувате и да се чувствувате да му кажете апсолутно сѐ.

7-raboti-koi-vashiot-psiholog-bi-sakal-da-gi-znaete-04.jpg

И психолозите се борат исто така

И психологот е несовршена личност со силни и слаби страни, исто како и вие.

„Како психолог јас можам на клиентот да му кажам чувствувам што чувствуваш, додека јас паралелно сум во хаос и се обидувам да го средам мојот живот“, вели Тесина.

Не, твојот психолог нема да ти суди

Ако сте многу критички настроени кон себе ќе ви биде тешко да сфатите дека вашиот психолог нема да ви суди, дури и кога кажувате најинтимни тајни.

„Најтешко ми е да ги убедам клиентите да поверуваат дека не им судам, како што тие самите си судат себе. Не сакам пред мене да се чувствуваат засрамено“, додадава таа.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com 

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg