Детоксикација со сокови

detoksikacija-so-sokovi-povekjeЧувствувате пролетен умор, кожата ви е без сјај, надуени сте од алергии, јазикот ви е бел, а мирисот на потта прејак... Тоа се само некои знаци...


...кои нè предупредуваат дека организмот ни е презаситен со токсини. Токму сега е вистинското време за пролетно чистење на организмот.

detoksikacija-so-sokovi

Со текот на времето, особено во зима, организмот се заситува со конзерванси од храната, газираните пијалоци, алкохолот, цигарите, загадениот воздух. Настапува застој во циркулацијата, што ја отежнува детоксикацијата, па треба да се растерети кожата, бубрезите, црниот дроб, цревата и лимфниот систем.

Со исхраната најважно е да се воспостави кисело базна рамнотежа со консумирање на зеленчук, овошје и пробиотици. Тие содржат минерали како што се: калциум, калиум, магнезиум, цинк.

Наспроти нив се „киселите“ продукти, кои во постапката за детоксикација треба да се избегнуваат, а тоа се месото и преработките од месо, белото брашно и сите производи од него, па дури и двопекот.

Познатата терапија со сокови е ригорозна. Може да се спроведува една недела, а најдолго три недели. Се пијат само сокови од зеленчук и овошје, секако, оние што немаат конзерванси и шеќер. Најдобри се од свежо овошје и тоа веднаш да се конзумираат.

Дневно се пијат 250 милилитри до половина литар сок од зеленчук, а помеѓу тоа се пие овошен сок. Минималното време помеѓу конзумирањето сокови треба да биде половина час. Се пие чај за чистење на крвта и изворска вода.

Кога се чувствува глад, може да се јаде само бистра исцедена супа од зеленчук. Пред спиење, со доста течност се зема лен за поттикнување на варењето.

Би можело да ве интересира:

Какви болести предизвикува загадувањето на воздухот (и има ли начин да се заштитиме)? Порано се верувало дека загадувањето на воздухот има влијание само врз респирато...
Симптоми на цисти во јајници кои се знак дека треба да одите на гинеколог Болка во стомакот кога немате менструација, но и болен сексуален однос – Кои се ...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg