Делови од телото кои веројатно погрешно ги „чистите“ цел живот
Постојат над 2.300 видови на бактерии кои постојат и преживуваат само во пределот на папокот, а веројатно и многу повеќе, дури и кога одржуваме најредовна хигиена.
Ова се неколку делови од телото кои веројатно и вие ги чистите погрешно цел живот, бидејќи никој никогаш не ви кажал дека постои и поинаков, поправилен начин:
1. Чистење на папокот
Папокот би требало да го исчистите еднаш неделно на точно одреден начин. Потопете едно стапче за уши или памук како побезбедна опција, во чист алкохол и искористете го за нежно чистење на внатрешноста.
Пребришете со чисто стапче за уши, да го отстраните вишокот на алкохол. Избегнувајте било какви лосиони.
Напомена: Бидете екстремно внимателни и правете го ова само по надворешните „ѕидови“ на папокот, не навлегувајте во средината.
2. Чистење на ушите
Нанесете 1-2 капки бебешко масло или глицерин во ушите, за да го омекнете природниот восок, но претходно консултирајте се со стручно лице за постапката. По 1-2 дена, темелно исплакнете ги ушите со топла вода.
Пребришете со крпа и повторувајте го процесот колку што е потребно. Може да користите стапче за уши само за надворешно чистење на школката, лекарите препорачуваат да не ги користите стапчињата за внатрешно чистење на ушите.
3.Чистење на лактите
За да го избегнете насобирањето на мртви клетки околу лактите, треба да правите нежни пилинзи еднаш неделно. Користете кружни движења, без многу притисок.
4. Чистење на скалпот
Скалпот на главата е полн со мртви клетки кои не е пожелно веднаш да ги натопите со шампон. Прво, внимателно исплакнете ја косата, па потоа нанесете разредена мешавина од вода и шампон, за да направите. Ако користите маска или регенератор, користете ги само на врвовите.
5. Чистење на грбот
Грбот е еден од најтешките и најнедостапни делови на телото, па неговото темелно чистење е предизвик. Треба да започнете со сува четка која ќе ги отстрани површинските нечистотии, а потоа треба да го исчистите со луфа (мрежичка) или сунѓер за пилинг.
Бонус: Како да го исчистите темелно местото каде имате пирсинг?
Според експертите, најдобар начин да го исчистите местото каде имате пирс е да нанесете мешавина од малку морска сол и топла вода, додека течноста не ги повлече сите нечистотии со себе.
Тоа може да го направите со придржување на пластична чашка со солена вода, како на илустрацијата. Потоа нежно пребришувате со крпа.
Сепак, најдобро е да се консултирате со стручно лице.
М. Д. | Црнобело