10 знаци на емоционална исцрпеност, иако можеби не сте свесни за тоа
Истражувањата покажуваат дека емоционалната исцрпеност е една од трите меѓусебно поврзани компоненти што доведуваат до генерална исцрпеност (Maslach & Jackson, 1986).
фото: pixabay
Според оваа 3-компонентна концептуализација, другите два фактори се непрепознавање на себеси и занемарување на достигнувањата.
Ако се чувствувате емоционално исцрпени, дозволете си малку време да се одморите.
Слушајте го вашето тело кога му треба одмор и честопати проверувајте како се чувствувате.
Ова е превентивна мерка за да не ви се случи т.н. „burnout синдром“ или „прегорување“ за да не дојдете до точка на емоционална исцрпеност.
Всушност, кои се знаците кои упатуваат на ова?
1. Не се чувствувате исполнето и задоволно од вашата работа и/или вашата врска со партнерот.
2. Сè што правите ви се чини дека го правите сосила и честопати се чувствувате уморно.
3. Чувствувате како ги одбегнувате луѓето или ги туркате од себе.
4. Се чувствувате безволно и без енергија веднаш по будењето поради сознанието дека мора да се соочите со уште еден безличен ден/вашата стандардна рутина.
5. Честопати не можете да си ги контролирате емоциите, а најчесто чувствувате нервоза или задушување.
6. Се чувствувате толку емоционално „исцедено“ и немате воопшто енергија за да уживате во сегашниот миг и во работите кои порано ве правеле среќни.
7. Чувствувате дека „трпите“ многу повеќе (луѓе и работи) отколку што имате капацитет за толерирање во моментот.
8. Не се чувствувате мотивирано како порано и честопати ви доаѓа да кренете раце од сè.
9. Многу повеќе се фокусирате на негативното во животот.
10. Не можете да останете фокусирани и да ги завршите задачите што претходно ги извршувавте без проблем.
(О)Милена | Црнобело