7 можни причини зошто сте постојано уморни + што да направите за да го промените тоа

Дали постојано се чувствувате уморно и после работа едвај станувате од кревет? Заморот е проблем со кој се соочуваат сè повеќе и повеќе луѓе, а главниот виновник за ова се некои животни навики.

nekolku-prichini-zoshto-ste-postojano-umorni-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-01.jpg

Постои и нарушување познато како хроничен замор, поради кое е можно постојано да се чувствувате уморно. Но, ова е дијагноза што треба да ви ја даде лекар, а и самото нарушување не е честа појава.

Многу е можно вашиот замор да потекнува од некоја од следниве 7 причини:

Не внимавате на исхраната

Храната богата со шеќери и јаглехидрати може да ви даде енергија, но откако ќе помине нејзиното „дејство“, веројатно ќе се чувствувате уште поуморно.

Ако за појадок изедете храна богата со шеќери и јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта ќе се зголеми. Затоа и ќе се чувствувате како да имате повеќе енергија.

Но, набрзо потоа нивото на шеќер во крвта може драстично да падне, па ќе почнете да се чувствувате навистина уморно.

За да го избегнете овој проблем не мора целосно да се откажете од ваквата храна, туку бидете умерени со неа. Исто така, немојте да јадете ваква храна за појадок, туку направете некој поздрав оброк, како овесна каша.

nekolku-prichini-zoshto-ste-postojano-umorni-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-02.jpg

Не сте физички активни

Веројатно кога ќе се вратите од работа се чувствувате исцрпено, па едвај чекате да седнете пред телевизор. Ова е сосема во ред, но немојте да го правите секој ден – барем два дена во неделата обидете се да вежбате откако ќе се вратите од работа.

Можеби звучи чудно, но физичката активност може да ви помогне да се чувствувате посвежо и со повеќе енергија – истражување од 2008 докажало дека само 20 минути вежбање, трипати неделно, е доволно да се справите со заморот.

nekolku-prichini-zoshto-ste-postojano-umorni-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-03.jpg

Не спиете доволно

Ако спиете помалку од 7 часа навечер, тоа дефинитивно ќе влијае на нивото на енергија.

Но, доколку спиете над 7 часа и сепак се чувствувате уморно, тогаш можеби не спиете доволно цврсто и вашиот организам не може да се одмори.

Во овој случај можете да направите неколку нешта: секој ден станувајте и легнувајте во исто време, немојте да пиете кафе после пладне и избегнувајте да користите смартфон или компјутер околу еден час пред спиење.

nekolku-prichini-zoshto-ste-postojano-umorni-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg