7 можни причини зошто сте постојано уморни + што да направите за да го промените тоа

Имате нетолеранција на некоја храна

Ако постојано се чувствувате уморно без навидум никаква причина, можно е да имате и нетолеранција на некоја храна.

За ова најдобро е да се консултирате со вашиот лекар кој ќе ви помогне да го решите проблемот.

nekolku-prichini-zoshto-ste-postojano-umorni-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-05.jpg

Не пиете доволно вода

Ако не пиете доволно вода, организмот ќе дехидрира, а во таква состојба и наједноставните задачи ќе ви изгледаат како невозможна мисија.

Ова најдобро го прикажува едно истражување, каде што испитаниците имале задача да трчаат на лента. Резултатите покажале дека оние кои не пиеле вода во текот на трчањето биле многу поуморни за разлика од оние кои пиеле.

nekolku-prichini-zoshto-ste-postojano-umorni-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-06.jpg

Изложени сте на многу стрес

Покрај другите проблеми што ги предизвикува стресот, тој може да направи да се чувствувате и уморно.

Многу истражувања покажале дека неправилното справување со стресот речиси сигурно води до замор.

Ако сметате дека стресот е причината за вашиот замор, неколку денови во неделата пробајте да медитирате и да правите едноставни јога вежби.

nekolku-prichini-zoshto-ste-postojano-umorni-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-07.jpg

Не внесувате доволно витамини

Ако постојано сте уморни, можеби на вашиот организам му недостасуваат некои витамини, како Д или Б12. Некогаш причината за заморот е и недостаток на железо.

Во овој случај консумирајте храна богата со железо (спанаќ, брокула, црвено месо), храна богата со витамин Б12 (јајца, млеко, лосос) и храна богата со витамин Д (печурки, некои видови риба).

Можете да земате и додатоци во исхраната, но ако се одлучите на овој чекор, најпрво консултирајте се со лекар.

nekolku-prichini-zoshto-ste-postojano-umorni-shto-da-napravite-vo-vrska-so-toa-08.jpg

Напомена: Доколку сте установиле дека ништо од ова не би можело да е причина за вашиот постојан замор, можеби е добро да се консултирате со лекар, да направите крвна слика и други дополнителни испитувања. 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg