Колега/пријател ми се јави дека е позитивен на Covid-19 откако бевме во контакт - Што треба да направам?

Со оглед на порастот на бројката од новозаразени, сигурно и вие чувствувате дека кругот се стеснува...

kolega-prijatel-mi-se-javi-deka-e-pozitiven-na-covid-19-otkako-bevme-vo-kontakt-sto-treba-da-napravam-01.jpg

Што да правите ако колега или пријател со кој сте биле во контакт, ви се јави дека е позитивен. Како да постапите за штетата да биде минимална?

Клучни се 5 чекори, откако ќе бидете известени за ризикот:

1. Останете дома и физички изолирајте се од домашните. Не шетајте по маркети и не се подготвувајте за карантин. Има толку многу сервиси за достава, како и блиски пријатели и роднини кои ќе ви помогнат, доставувајќи ви намирници до врата.

2. Известете го матичниот лекар телефонски или по пат на мејл.

3. Дајте ги основните податоци за контактот кој сте го имале. Бидете детални и прецизни кога објаснувате дали контактот ви бил подолг или краток, дали и двајцата сте носеле заштитни маски или не и слично. Матичниот лекар ќе одлучи дали треба да се тестирате и ќе ви даде дополнителни препораки.

4. Доколку се утврди дека сте биле во ризичен контакт, ќе ви биде закажано тестирање, а до резултатот од тестот бидете во изолација. Доколку не ви биде закажано навреме, сепак своеволно останете во самоизолација 10-14 дена од последниот ден од контактот со заболеното лице. За секоја здравствена промена консултирајте се со лекар и стручни лица, не со Google.

5. Задолжително известете ги вработените во фирмата во која работите, како и најблиските контакти кои сте ги имале во последните неколку дена.

Важно е да го дефинираме и поимот близок контакт – Се работи за контакт кој сте го имале со заболеното лице на помало растојание од 2 метри, сте престојувале заедно во иста просторија подолго од 15 минути, а сте биле без основна заштитна опрема. Сепак за ова најдобро ќе пресуди матичниот лекар.

kolega-prijatel-mi-se-javi-deka-e-pozitiven-na-covid-19-otkako-bevme-vo-kontakt-sto-treba-da-napravam-02.jpg

Дополнителни совети како да ги заштитите домашните, односно како правилно да ја изведете самоизолацијата за никој друг да не настрада:

- Избегнувајте близок телесен контакт со домашните (ракување, прегрнување.) Избегнувајте и допирање на личните предмети.

- Ограничете го движењето во заеднички простории колку што можете. Осигурајте се дека просторот, во кој мора да бидете заедно на неколку минути, да биде прозрачен и простран.

- Користете медицинска маска која ги покрива устата и носот и носете ја секогаш кога сте во контакт со друго лице. Да, ова важи и за дома, кога сакате да ги заштитите блиските.

- Избегнувајте користење на заеднички прибор за јадење, пешкири, крпи. Не ги ставајте личните предмети преблиску до предметите на останатите. Одвојте ги во посебна кесичка или несесер.

- Често проветрувајте ги просториите.

- Ако е возможно, заболеното лице треба да користи комплетно различна бања.

- Редовна дезинфекција на предметите кои ќе ги допре заболената личност. Најдобро е ако заболениот носи ракавици.

- Облеката, постелнината и пешкирите не смее да се перат на температура пониска од 60-90 степени.

- Пожелно е заболената личност да користи посебна кеса за отпадот, како марамчиња и веќе искористени маски и ракавици.

- Посети не смее да има додека лицето не добие негативен тест или додека не поминат деновите кои епидемиолозите ќе ги препорачаат по позитивен тест.

- Ако во домот има повеќе од едно лице кое е сомнително или позитивно на Covid тестот, сите заболени може да престојуваат во иста просторија.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg